Предлог идеа за уредување на јавните медиуми !

Day 1,178, 08:51 Published in North Macedonia North Macedonia by The Last Knight

Почитувани читатели!

Сите сме сведоци на ситуацијата со која се соочува Македонија односно пренатрупаниот медумски простор.Статии излагаат на секој 5 минути и помалку, така што вистински вредните и информативни статии многу тешко избиваат во топ 5 , истото се случува и со статиите на министерствата и со наредбите .Па затоа новинарите доаѓаат до положба во која мораат да спамираат да рекламираат и што уште не .


Исто така и новите играчи со првото влагање неможат доволно да се снајдат и читаат секавки весници кои им го одземаат нивното време и уште повеќе ги збунуваат.Замислете како би било при првото влагање секогаш да го гледате упатството за нови играчи,и најважните статии на министерствата ?

Мислам дека имам идеа како да воведиме ред во новинарството ,очекувам поддршка од сите новинари ,а и од сите играчи ,се надевам дека статијава ќе стигне и до председателот .

Со предлогот не застанувам тука го предложив и во министерството за информирање каде што моментално се разгледува но со ваша поддршка сигурно ќе биде прифатен .



Eве го мојот предлог

Предлагам формирање на ново” министерство за новинарство” или” министерство за контрола на јавни медиуми “

Што би работело ваквото министерство ?

1.Формирање на chat соба за новинари

-на ова место новинарите ќе контактират меѓу себе ,ќе разменуваат мислења,ќе организираат некакви занимливи акции квизови ,новите новинари ќе можат да се информираат како да постават линк како да направат добра статија да постават слика и др.

2.Министерството ќе определи неколку закони за статиите

-за ова треба да се посвети повеќе време во креирање на тие закони но еве неколку примери какви би биле тие : Секоја статија да содржи повеќе од 20 реченици ,да се пишува строго на кирилично писмо (освен доколку има некоја скриена информација или нешто што е неизбежно да се пишува на латиница), да се забрани објавување на артикли од видот(вработете се кај мене или продавам фирма или нешто слично),за такви информации служи shout,или може да се направи некоја статија во која ќе се одјавуваат само вакви огласи,секој да има право еднаш во денот да објавува своја статија ...и неколку вакви закои за кои реков дополнително треба да се размислува ова е само груба изработка
Овие закони нема сигурно секој да ги почитува но значително ќе воведат ред .


3.Награди за најдобрите статии

-најдобрите статии да се наградуваат со некаква слимболична сума со што би ги поттикнале новинарите да се трудат што повеќе да прават добри статии.(најдобрата статија би се одредувала од топ 5 но не мора да е прва ,за да се почитуваат сите кои вотирале).



Ова се три работи но многу важни за новинарството .Доколку и вие имате некаква идеа или критика оставете коментар истата ќе ја разгледам и ќе ја вметнам во текстот .

Па очекувам позитивни резултати

Поздрав Патриот.К