Стани граѓанин и промени го светот!

Day 1,176, 16:26 Published in North Macedonia North Macedonia by IvanAjnstajn
"Здраво драг пријателе,

Ти пишувам за да ти понудам една неверојатна промена за да го уживаш твоето "онлајн" време: Неодамна открив инзвонредна web-базирана игра, вистински симулатор на реалниот свет. Тука, можеш да ја преработиш историјата, да бидеш водич на твојата држава во битка, да бидеш медиумски магнат, да поседуваш економска империја, па дури и да станеш претседател.

Знам, звучи смешно, но верувај ми, се чуствува толку реално! Во последните минути од некоја епска битка, можеш да го почувствуваш твоето срце како црпи адреналин реално брзо преку твоите вени и доколку се трудиш да го освоиш медалот "Battle Hero", тензијата те тера да се качиш на таван!

Покрај воениот модул, една од многуте причини што оваа игра е толку добра сe медиумите: тука, секој може да создаде весник и да ги сподели неговите мисли, желби, идеи, памфлети, стрипови, вицови, итн. Слободата на печатот е гарантирана толку долго колку што ги почитуваш останатите. Ова е најлесниот и најбрзиот начин да се направиш себеси забележлив, па дури и да станеш славен во светот!

За оние кои сонуваат да бидат главни извршни директори (CEO) во иднина, тука е економскиот модул, каде можеш да основаш фирми колку што ти душа сака, но вистински предизвик е да управуваш со истите низ целиот светски пазар. Доминирај ја индустријата и биди оној кој ќе ја поставува цената!

Ако имаш талент, издигни се во политичкиот модул. Да се биде оратор, ти се отвара патот до Конгресното столче, до партиското претседателство или, доколку "имаш муда", до претседателство на државата! Само замисли го чувството да бидеш гласан од илјадници луѓе кои на тебе ја ставаат нивната судбина за цел месец!

Добриот факт е тоа дека ниеден од горенаведените не елиминира друг: Ако имаш добар лик во играта и доволно слободно време, можеш да имаш сé! И тоа само на 2 клика растојание!

Дополнително ја сакам оваа игра, посебно затоа што админите навистина не слушаат нас, играчите и заедно можеме да ја прилагодуваме и подобруваме играта за доброто на сите. Тие ни нудат стабилен и доверлив производ во согласност со нашите желби. Тоа е добитна комбинација.

Се надевам дека ова писмо те заинтересира за оваа игра и копнеам да те видам како се придружуваш во нашата пространа заедница! Се` што треба да направиш е да го следиш овој линк и ти ветувам дека засекогаш ќе бидеш почитуван во нашиот Нов Свет!

Сé најдобро,
Мушу."


File nr. 404
Relativity Research Laboratory
Secret location code 500
09.02.2011
8:27 PM

Горенаведениот текст само што го примивме преку нашиот RRL Toshiba-Super-Computer поврзан на CERN Large Hadron Collider. Ова е првиот доказ дека паралелни универзуми навистина постојат! Сите сме изненадени од пораката во ова писмо и сега нашата главна цел е обидот да одговориме на него. Нашите информатички инженери без престан ќе работат, додека да успеат да се поврзат на мрежата на тој друг универзум и се надеваме дека ќе успеат да креираат акаунт во таа игра.

Gregory Lehman
RRL specialist.

P.S. Зарем не би било убаво кога би можеле искрено да им праќаме вакви пораки на нашите пријатели? Јас самиот почнувам да се срамам пред моите другари кога ќе ме прашаат зошто сеуште ја играм играва.


Песна на оваа статија: What if eGod was one of us.

Се надевам дека постои паралелен универзум,
Ајнштајн.