Насмејте се

Day 1,176, 09:05 Published in North Macedonia North Macedonia by CounselMacedonian






ЛУЛЕ

Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до еден мирен кој си седи под едно дрво. Прашува главниот од комисијата: добро, што се замислува оној под дрвото?
Управителот на болницата рекол, оди, прашај го. Оди овој, го прашува:
- Добро, што се замислуваш ти?
Лудакот му одговорил:
- Е па, знаеш јас сум луле!
- Како бе луле?
- Е па, стави ми тутун на главата и повлечи доле.

ЏЕКИ

Во лудница дошло време да им прават проверка на лудаците кој е за дома кој не е. Викнале еден, и докториве го гледаат по него на конец влече тенџере и го прашуваат:
- Што е тоа што го влечеш со тебе?
- Џеки бе, моето куче.
И го вратиле назад.
По 2 месеци го викаат пак, и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади него.
- Што е тоа што го влечеш?
- Џеки бе, кучето.
Повторно го вратиле назад.
По 2месеци уште еднаш го викаат и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади.
- Што ти е тоа што го влечеш со тебе?
-Тенџере бе тенџере, што може да е.
И го пуштиле. На излегување од лудницата, лудакот се врти накај тенџерето и му вика:
- Ќути Џеки ги излажавме…

ВТОРНИК

Доаѓа доктор во лудница за да му направи тестови на пациентите. Кој ќе го одговори прашањето ќе му биде дадена отпусница. Најпрво влегуваат три пациенти:
Првиот го прашува:
- Колку се 2+2?
- 300.
- Фала, ајде назад во собата.
Го прашува вториот:
- Колку се 2+2?
- Вторник.
- Фала, ајде и ти назад во собата.
Третиот:
- Колку се 2+2?
- 4.
Докорот ја потпишува отпусницата и му вика:
- Среќно само… можиш ли да ми кажиш како го доби бројот 4.
- Полесно здравје! 300 – Вторник = 4!