Жртви на транзиција [ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ]

Day 1,175, 04:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokaliptic

НЕМОЈТЕ ДА КУПУВАТЕ КОМПАНИИ ОД ИГРАЧИ, СКАПИ СЕ!

За оние кои сеуште не забележале, воведени се нови промени во играта од страна на нашите сакани и ценети админи ЛОЛ.

Една од новостите во овие промени е тоа што може да се изгради (основа) компанија за само 10 голд за разлика од старата цена од 20 голд, значи двојно поефтино.

Играчите кои продаваат компании излегоа како жртви на транзиција затоа што ги купиле за 20 голд а би требало да ги продадат за 10, и да бидат во голема загуба.

Но некако не ми изгледа дека ќе бидат расположени да губат, туку да насамарат други 🙂.

Немојте да купувате компании поскапи од 10 голд освен ако немаат сировини или лиценци во вредност од остатокот од голдот кој ке го дадете.

Не дозволувајте место нив, вие да бидете жртвите.

Нека не ве прават магариња, иа иа иа 😃.