Мој весник, Мој став - Целта (не)ги оправдува средствата

Day 1,172, 09:35 Published in North Macedonia Ireland by MeDs.
Мој весник, Мој став - Целта (не)ги оправдува средствата

Сите сме добро запознаени со изрекета целта ги оправдува средствата, но дали е тоа точно така?!?!?
“Новинарите” отвараат весници за да стигнат до MMM, а не да го претстават своето мислење и гледање на играта. Секојдневно се појавуваат статии со текст, ВАЖНО, ИТНО ПРОЧИТАЈ ОДМА, СТАРО КУПИЈЕМ, МЕЊАМ ВЕТАР ЗА МАГЛА и слични каде што за добредојде и довидување во статијата ве пречекуваат со срдечно воте, суб и по можност шаут за да видат сите. Статија од 3 реченици не може да провлече внимани и да го натера читачот да стисте на копчето vote или subscribe. Направете статија која што ќе биде интересна. Секогаш добро ми доаѓа статија која има некој стрип или е оригинална.

Мојата предходна статија излезе од latest за 5 мин, но благодарејки на мето, ја прочитаа доста граѓани и неговата статија стигна до топ5.
Целта на сите граѓани кои имаат весник е да соберат медал и да стигнат до фамозните 5 голд, но да не грешам душа има статии кои што и покрај тоа што се долги сум ги прочитал од почеток до крај и заслужено си добиле претплата. Млади писатели, има весници кои промовираат МММ каде што можете да го понудите вашиот весник за добивање на претплати. Има и доста весници кои што објавуваат огласи за работа и инвентар.

Движечки мотив во eRepublik е доминација на светот. Како сите Македонци така и јас го сакам најдоброто за Мојата држава. Секојденвно си работам со 100 здравје 🙂, си плаќам даноци на државата и понекогаш според можностите ќе се појавам на бојното поле и ги извршувам наредбите на Министерството за одбрана. Како секој совесен граѓанин свесно и совесно ги извршувам своите обврски.

Вниманието ми го привлекоа неколку денешни статии, меѓу кои беше и статија на gocevojvoda резултати од анкера за мислењето на граѓаните за војната со еБугарија. Застрашувачки е процентот од играчите кои што сакаат да прдолжи војната. Целта во овој случај би ни била освујавање на нови територии, но дали е тоа вистинскиот чекор. Со самото барање за продолжување на војната ја отфрламе желбата за напредок на државата. Фрустрациите од РЖ секојдневно се присутни по медиумите и каналот на #eMKD. Увидовме дека досегашната војна не ни донесе никаков напредок само голема дупка во државната каса. И колку подлабоко навлегуваме во војната и удираме со глава во ѕид, се подалеку ќе сме од својата цел. Не смееме бесконечно и безрезервно да се ослонуваме на нашите сојузници. Ќе дојде време и ние да ја вратиме услугата, но како ќе помогнеме ако немаме со што.

Сите се прогласуваме за патриоти но ретки се тие кои што го промовираат македонскиот јазик и писмото на играва и кои пишуваат правилно кирилично по весниците. Кога ќе видам бројки во македноските зборови ми се крева коса. Сами ако не си го цениме идентитетот јазикот и писмото како можеме да очекуваме да не почитуваат и другите. Секој сака да и помогне на еМакедониј, но листата со грешки и недостатоци кои треба да ги исправиме е многу долга. Сами треба да свртиме нов лист и да речеме, од сега па натаму работам во интерес на еМакедонија.

Ја прочитав статијата од United Macedonia, од прво читање не влијаеше многу на мене, но го ја прелистав повторно, целосно ја разбирам неговата фрустрација. Едноставно од ваков народ кој знае само да наоѓа мани секој би кренал раце.Критиките се добредојдени, ама има граници до каде што може да се оди. Јас сум сигурен дека United ке ја преиспита својата одлука и ќе се врати во политичката фотеља (ако не, друже дај некое златце да се појачам малку, слаб сум на str 🙂 ).

Би сакал секој поеднице убаво да ја прочита статијата и да подразмисли што сакам да пренесам до вас. Светска доминација во играва не можеме да постигнеме преку ноќ, мо можеме барем да се обидеме да си ги задржиме териториите кои што ги имаме. Да станеме пример за другите државни но државно уредување, квалитет на живот и инветициски рај на светот 🙂.
Не мора да си ставаме нереални цели пред нас и да се обидуваме да ги оствариме не бирајќи ги средствата. За почеток доволно е да се сакаме себе, Македонија а другото ќе си дојде само по себе.

Останете ми со 100 здравје
Ваш MeDsLeinad