Мој весник, Мој став - Камиказите ги диктираат цените на пазарот на трудот

Day 1,170, 04:03 Published in North Macedonia Ireland by MeDs.
Мој весник, Мој став - Камиказите ги диктираат цените на пазарот на трудот

Не можам а да не искоментирам на моменталната состојба на пазарот на трудот во нашата држава. И покрај стабилизирањето на денарот, цените на трудот се зголемуваат за кое што се виновни самите компании. Нема да невлегувам во детали околу кој левел колку произведувал, туку ќе кажам конкретен пример;
Мојата житна компанија која што има 10 вработени од комбиниран работен скил овој пат ми ги помати сметките 😐. Малку повеќе сум педантен во однос на водење на евиденции и си запишувам кој вработен колку ми произведол, колкава плата земал и нормално добивката од него... После еден успешен ден (ми работеле сите вработени) и продажба на житот кое секогаш го давам за 0,01 од понудите на пазарот со помисла дека правам добро, на крајот од денот ми останаа само 3 ден заработка. Сето тоа се должи не само на камиказите кои што имаат единствена желба да ги стигнат појаките играчи мислејки дека ако се тепаат секоја битка ќе им се појача граѓанинот туку и на виските плати кои се нудат на пазарот. Сета таа голема збрка околку платите според мене се направи со воведувањето на новиот модул за работа како менаџер во сопствена компанија. Сопствениците на фирмите си работат за себе во замена за -10 од нивното здравје (5хQ2 леба или поточно околу 4,2ден ). Со тоа си дозволуваат да ги бркаат камиказите од работа да креваат цени за нови работни места со цел да им се наполни фирмата.

Лошата страна на сета таа работа е големиот обем и обрт на камикази кои што се појавуваат по фирмите. И покрај сите апели, соопштенија и колуми во весниците до камиказите дека не и штетат само на фирмата каде што работат туку и на самите себеси, тие повторно продолжуваат со своите акции.

Имав вработен кој работеше неколку дена кај мене со 15-30 здравје, не го отпуштив ниту му намалив плата. Еден ден ми пиша молба да го отпуштам бидејќи сегде го бркале од работа кога работел со малку здравје. Си направивме муабет, му објаснив како стојат работие дека и тој ќе напредува побрзо ако работи со 100 здравје, дечкото беше културен се заблагодари и јас се почуствував горд дека сум му помогнал на млад играч да го свати концептот на играта. Наредниот ден истиот млад гоподин повторно ми работи со малку здравје, и покрај тоа што бев револтиран од неговата постапка, не го отпуштив од работа туку само му ја намалив платата . Не поминаа неколку саати и дечкото си даде отказ без никакво објаснување.

Пораоди тоа што на пазарот секојдневно се појавуваат подобри понуди јас тој ден останав на 5 работници. Морав да ја качам цената за да привлечам работници во мојата фирма. И денеска што да видам, работници кај мене full 10 на број, но и камукази колку сакаш. Секогаш сум бил фер, кога брал некој покачување одма сум давал, дури и да барале некоја нереална цена. Дури да излезам во пресрет на поискусен играч со 3 фирми му дадов плата по негово барање со помисла, нека има пари да се бори за да придонесува, и истиот тој сограѓанин си најде изгледа по-поволна понуда и ми даде отказ со образложение друг му играл на акаунтот и на крај сето тоа било игра. Му се заблагодарив за услигите и го оставив да си врви по својот пат.

Се доаѓа до закличок дека фирми кои што се жалат за високите плати на пазарот, самите си ја качуваат цената на трудот.

Јас во мојата фирма нема веќе да вработувам луѓе. Ќе ја држам додека не си отиде последниот вработен и ке си работам сам за себе. Зашто кај нас на тој што му даваш леб, ќе ти врати со камен по глава
Отворив фирма за да ми стане поинтересно во играта, да поминувам повеќе време на неа, но на крај ќе останам само јас вработен. Не ми се продава зашто сум инвестирал пари и време во неа, а и башка емотивно сум врзан со неа 🙂.

Апел до сите менаџери на фирми

Не молете за работници, тешко е да се најдат добри и вредни работници кои што секој ден ќе работат со 100 здравје, но мора да се стави ред во државава.
Сведоци сме по весници и по shout-и постојано се барат вредни работници со тоа само се крева цената на трудот, и се прави контраефект на продуктивноста на работниците.

До новоизбраниот претседател ќе има упатено многу поплаки и жалби во однос на оваа тема, но се надевам дека тој, неговите министри и советници ќе изнајдат правилно решение за овој проблем кој економијата на македонија го влече како тежок грип веќе долг временски период

Според мене камиказите повеќе и наштетија на македонските фирми од колку на бугарските за време на окупацијата.

Останете ми со 100 здравје, и со памет...

Ваш MeDsLeinad