Ситуација во еМакедонија [Претседател на Р. Македонија]

Day 1,162, 07:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski

Здраво живо на сите еМакедонци

Сеа под ред да се објасни ситуацијата во која се наоѓа еМакедонија.

1. Војна

Македонско-Бугарската војна започна пред 2 недели. Македонија во војната влезе за да помогне на Турција нашиот најголем пријател во играта. Имавме прилично добар успех за почеток на војната со оглед дека освоивме 2 региони на држава стара 3 години. Што се случи потоа..?!
Епа ете како што гледате и самите Турција штрајкува и не се бори за никого, полека паѓа под грчка окупација. Ние од друга страна нови, млади не навикнати на константна борба го доживуваме истото. Иако со голема подршка од Србија, Унгарија, Бразил и повеќето Феникс членки сепак тешко се држиме во војна. Така да со оглед дека константните војни немат крај т.е. единствен крај е некоја од двете земји да биде окупирана, еМакедонија како послаба и понеискусна го доживува тоа. Иако би сакал да напоменам дека не се премислувам ниту жалам што ја нападнав Бугарија. Пријателствата во оваа игра значат многу, така да се жртвувавме за пријател кој што доста и има помогнато на еМакедонија и на еМакедонската заедница во играва.
Сепак оваа е игра, неможе секогаш се истите да победуват, ќе дојдат други времиња и други околности кога еМакедонија ќе биде силна држава како нашите соседи.

Не треба да очајувате, туку силно и храбро за еМакедонија до крај, ќе го издржиме и во скоро време ќе се ослободиме со помошта на нашите пријатели во играта а ги имаме многу, на сите страни. Затоа Македонци од вас се бара да продолжите да играте со што поголем жар за да се ослободиме, за да изградиме нова еМакедонија, посилна, поспремна, поискусна.

2. Економска состојба и монетари маркет.

Истата приказна и овде, после нападите од страна на бугарските власти на нашиот монетари маркет и со оглед дека сме во константна војна, економијата се поремети. Пробавме неколку пати да ја управиме ситуацијата но сепак беа неуспешни. Нашито мал маркет не беше доволно спремен за вакво, но сепак пак ќе повторам за пријател влеговме во војна.
Исто така и новите измени во економскиот модул, сите еЗемји настрадаа односно имаа пад на нивните валути. Само неколку можат да си дозволат стабилен курс на валутата.
Овој удар беше тежок за еМакедонија, но сепак такви се последиците од војна која нема крај.

3. АРМ и Паравојски

Во АРМ, наскоро ќе се формира нова бригада. Ќе биде пуштено регрутирање наскоро од весникот на Министерството за Одбрана на Македонија. Така да секој што има желба да се пријави и да помогне да државата нека повели.
Паравојските во еМакедонија, некои стари искусни некои помлади понеискусни храбро се бореа во битките, беа потпомогнати од државата, но сепак и тука се обидувавме да скратиме да не го уништиме монетарниот маркет, така да се даваше максимум од дозволеното.
Би сакал да им порачам, да застанат цврсто и да се здружат сите заедно за еМакедонија!

4. Кражби на никови и scamming на пријателски држави

Во последно време низ еСветот имаше вести дека јас како претседател сум позајмувал пари од наши сојузници кои наводо би биле вратени со некој процент на камата. Веќе објаснував преку коментари и таму и тука, зборев со нивните власти и претпоставени луѓе за тие работи но еве пак ќе повторам. Јас никогаш немам барано пари/злато на заем од сојузници. Тоа се така наречени scammers кои преку ИРЦ со вешти финти успеале да измамат многу луѓе, оваа не е ни прв а верувам ни последен пат да се случи вакво нешто.


5. Окупација и како да се однесуваме под окупација?!

Во тек е последната битка за Западна Македонија, ќе се обидеме да ја одбраниме но сепак многу тешко со оглед дека главна цел на соседите е да не избришат. Но, доколку се случи оваа, би сакал да апелирам до сите еМакедонски граѓани да ја искористат ситуацијата и да се однесуват како камикази, односно да направат што поголема штета на бугарската економија. Работејќи со минимално здравје, во нивните компании, обрт на бугарската валута на нивниот монетари маркет има значајна улога во ослобудувањето на еМакедонија.
Исто така, сакам да кажам да не се борите во битките, штедејте, стокирајте за да си ги повратиме загубените територии назад. За останатите кои можат/сакат исто така можат да се префрлат во Србија да помогнат при нивната економија и одбрана на државата, така како гест за нивната помош би се одолжиле малку на еден од нашите најголеми сојузници.

Исто така сакам да спомнам дека кој сака да помогне на државата може да донира на Drzavni Voeni Rezervi или Narodna Banka na Makedonija. Секој златник е скапоцен за одбраната на нашата држава и истиот ќе биде искористен најдобро што се може. Благодарам.

6. Дипломатија

еМакедонија моментално е неутрална земја, која во моментов со своите најблиски пријатели Србија, Унгарија и Турција е во константен контакт. Но сепак, нема да кријам дека еМакедонија бара нови пријателства и нови патишта каде еМакедонија со нови/стари пријатели ќе продолжи во Новиот Свет. Така да нови хоризонти би се отвориле за нашиот народ и нови авантури во играта.

Уште нешто, гледам импич е пуштен како закон. Доколку мислите дека не сум за оваа функција и дека не заслужувам да останам да ја водам еМакедонија, слободно гласајте како што мислите. Оставам на вас. Ако паднеме под окупација и се прекине гласењето, може исто така да отворите ново на форумот, каде што ќе гласат сите конгресмени.

Се извинувам за долгиот текст, но барем ете мислам дека објаснив неколку работи за кои мислам дека треба да ги знаете.
Си ги превземам одговорностите за моите постапки во мојот мандат и немислам дека згрешив во некоја одлука која ја донесев.

п.с. Се извинувам што деновиве не бев многу активен на чат, но поради РЖ причини не бев во можност. Но сепак имам заменици кои се одредени да ги превземат моите обврски.

Поздрав

Ваш,
Драш

ППС. Е, заборавив на оваа. Војната не ја губиме дека само сме послаби, туку како што другарот Иван Ванчо ака Ајс пиша во неговиот весник.... Бугарски нинџа камп во Монголија, тоа е тајната на нивниот успех. 😛 😃
/me wannabe ninja too 😒