Шо се дешава тука?

Day 1,158, 17:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian Power

Најпрвин да Ви кажам дека весникот го правам за медал (како и поголемиот број од играчите) и затоа уште од старт SUBSCRIBE нема да е лошо🙂

Нов сум на играва и ме заинтересира од почетокот, најмногу дека се тепаме со бугари и грчишта како и цела организација на играва.Прочитав туторијалите, си работам и тренирам и чекам да ми дојде време за борба.

Во последните неколку дена малку се разочарав најпрвин дека почнавме да ги губиме битките, потоа од расправијата за паравојските,а последните ''велемајсторски потези" на Плато беа крај на програмата.

За битките се виде што била работата, татарчињата знаат они такви подмукли работи да праат маме им е...,скрипти си користат гајле немаат.Ја од скрипта факултет завршив та не тие битка да земат хехе.Ама и паметни се нели,си се потпишало типчето на скриптата да се знае кој ја прави,а после глуми лудило по форумите.

За паравојските не можам да солам памет оти сум нов и многу повеќе сте упатени во тие работи само сакам да Ве замолам нешто: дајте бе у една работа да бидеме обединети па макар и у игра, заеднички да удреме по педерите додека уште можеме,оти гледам нашата алијанса се намалува а нивната расте,па и со појаки држави.Нека пробаат водачите на алијансата да најдат нови сојузници да бидеме поконкурентни.

Шефот Плато, од тоа што видов и прочитав има некои идеи ''интересни'' да не речам смешни па дури комични. Мислам, што му е целта да пропаднат некои држави за сметка на други? Јасно е дека фаворизира одредени земји и ако бугарите не бидат казнети па и со последните случувања со новите држави ќе стави крај на играта (барем за нас, бугарите ќе си играат со грците може и цел свет ќе освојат). Да се надеваме дека до тоа нема да дојде дека ќе се опамети некој и да ни пружи една фер игра.

Толку за сега Ве молам претплатете се, vote ,shout шо ви душа сака,а на поискусните играчи ќе им бидам благодарен да стават линк од весникот кај нивните пријатели, па и ја да зеам едно медалче хехе.

Поздрав