еАРМ, местото на убавите, но и лошите моменти

Day 1,158, 14:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Igor

Денеска нема да ве ѓнавам со статија којзнае колку долга, нема да зборувам за убавините во АРМ и за сето тоа што зборував во претходните две статии.

Ве молам за почеток претплатете се, уште малце ми треба за ММ медал


Е сега...

Како што знаете војната го создава војното поле. А војното поле е местото каде што умираат најхрабрите, оние кои се спремни да го дадат животот за својата татковина. Војната не ги дели луѓето на стари или млади, машки или женски... Ги дели на кукавици и херои. На предавници и ослободители. Војната ѓи раѓа хероите.

Не е се така весело и бело како што објавував во претходните две статии (овде и овде. Како што кажав погоре во војната се повредуваат и умираат најхрабрите. За наша несреќа немил настан се случи и во АРМ. Имено додека ја браневме оргиналната територија на еМакедонија нашата драга колешка Мia Coluci беше повредена од страна на окупаторот.

Меѓутоа благодарение на нашето искуство и лојалност се помина како што треба. Веднаш притрчаа sime0ss и KoleMkd



Веднаш беше повлечена од местото



Благодарение на Македонскиот Црвен Крст веднаш беше пратен хеликоптер



Додека Миа ја носе во болница, Georg the macedonian цело време ја следеше ситуацијата преку комуникација со хеликоптерот, а ZdravkoT и јас - Игор Георгиоски бурно пратевме што е и како е.



По слетувањето на хелито Macedonia Mile Lazarevski и Elena88eli веднаш ја пречекаа.



За среќа, Миа денеска беше оперирана и се помина во најдобар ред. Беше повредена само во ногата, при што и беа откинати неколку лигаменти, Фала Богу се помина во најдобар ред. Миа ќе мора да оди 2-3 недели во бањи, да одмара и да се релаксира. Иаку само што излезе од операционата сала, веднаш ја облече униформата и ни прати една слика.



Секоја чест за храброста Миа.



За крај една посвета за Миа од цел одред на АРМ:

Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка на погледот срцен,
и секоја капка на твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.

Другарите беа и морни и гладни
со згорени грла и свиени плеќи
со тап бол се впија во очите ладни
и жалеа оти не ќе пламнат веќе.

Но јас знаев оти пак ке вивнат в жарој
и борците под нив ќе цветат и раснат,
в студените утра ќе греат ко сонце
и никога нема да стијнат и згаснат.

Последната вечер в планинското село,
кај борците беа со дрипава дреа,
со пликови жешки на стапал тешки,
и смрштени чела - згасени, мразни
ко нивните пушки укочени, празни,
и нечујно, глуво, ко здушена реја
се точеше шепот од уво до уво:
"Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
а ние сме малку, - сал неколку души..."

И кога ко игла ти прободе уши -
ти растресе снага и размолска тага,
со лунјени очи широки и волни
ги расече в ноќта здивените молнји!

Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш -
в смрзнатата вечер на пролетта рана,
кај нашата младост и првата радост
ја косеше луто ***шумната слана,
а ти чело збрчка, ко тигрица рипна
и летна во ноќта крвава и црна, -
со своите очи што ригаа пламен
ги растопи чашкум челичните зрна...

И после! И после - в последната вечер...
јас нејќам да мислам што потаму стана,
прошталниот шепот ти замрзна в усни,
ти гореа очи под веѓите густи!
Со нивниот пламен и со клетва света,
на заседа тргнав сред мојата чета.

А утринта кога зрив чела ни спраши
ти не беше веќе в редовите наши,
но скипеа борци со одмазда жолчна,
и видов! о видов - кога бојот почна
развихреа сите со твојата сила -
ко елени брзи и лесни ко птица.

А твоите очи се искреа гневно
во нивните потни, распалени лица...

Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.



Оздрави ни побрзо Миа

Те чекаме повторно

Поздрав од твоите лавови, лавици и лавчиња, како што ти тоа обожаваш да го кажеш.



Да живее Македонија

Да живее АРМ

Да живее Миа