(ПРОЧИТАЈ) МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ - МНФ

Day 1,153, 10:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани,
како што сте добро запознаети во текот на вчерашниот ден во еМакедонија се одржаа избори за претседатели на политичките партии.

Јас се решив да се кандидирам за претседател на поранешната "Слобода за Јохан" со цел да внесам нов дух, енергија, креативност и динамичност на политичката сцена.
Мислам дека досегашниот систем на политичко управување со еМакедонија е веќе неиздржлив бидејќи државата е веќе голема и не е возможно да има монопартиско уредување.

На еМакедонија и треба систем кој ќе гарантира дека сите добри идеи ќе бидат ставени во корист на државата, без разлика дали доаѓаат од поискусните или поновите играчи.
Тоа не значи дека зајакнувањето на оваа партија ќе биде на база на неаргументирани критики и напади, туку ќе градиме партија која ќе биде здрава опозиција со креативни идеи и спремна за соработка со сите.

Би сакал да кажам дека ми е навистина мило што нашата партија во текот на вчерашниот ден докажа дека е партија со најголем процент на активни гласачи. На нашите избори гласаа над 80% од членовите, додека во другите партии таа бројка се движи од 20% до 40%.

Исто така сакам да изразам задоволство што оваа партија за само еден ден порасна од педесетина на преку деведесет членови.
Ќе се обидеме да ја зголемиме за да биде релевантен опозиционен играч на политичката сцена во еМакедонија.

Накратко би сакал да ве запознаам со неколку мерки кои или беа веќе превземени или ќе се превземат во следните неколку дена.
1. Го промениивме името на партијата. Таа од денес се вика МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ или кратенката МНФ
2. Политичката ориентација на партијата од денес е Center-right, Libertarian.
3. Променет е и амблемот. Тој има елементи од македонската историја.
4. Во следните неколку денови интензивно ќе работиме на пишување на партиската програма. Таа ќе биде сериозна и ќе ги опфаќа сите сегменти од живеењето на еМакедонија.
5. Ќе се напише партиски статут.
6. Ќе се назначат партиски тела, потпретседатели и секретар на партијата.
7. Ќе се постават основи за комуникација со сите останати партии, Конгресот, Претседателот и Владата на еМакедонија
8. Ќе се обидеме да го зголемиме бројот на членството. Ќе обрнеме внимание и на постарите, поискусни играчи, но и на помладите, нови играчи.
9. Формиран е и официјален чат канал на партијата: http://mibbit.com/?channel=%23mknf&server=irc.rizon.net

Сите оние кои сакаат да се зачленат во партијата ги канам да ја посетат оваа страна: http://www.erepublik.com/en/party/makedonski-nacionalen-front-3343/1

Логото на партијата можете да го најдете на оваа адреса: http://mkdcom.com/MNF.jpg
Сите кои се членови, ако можат и ако сакаат, нека го постават за свој аватар.

Се надевам дека оваа партија, Македонскиот Национален Фронт ќе биде вистинско освежување на политичката сцена.

За сите Вас, кои сте заинтересирани да учествувате во работата на партијата, Ве молам пишете ми порака. Моите одлуки во иднина ќе се базираат најмногу врз база на активноста на сите вас.
Се надевам дека ќе успееме да постигнеме на краток рок МНФ да биде втора по големина партија во еМакедонија со свое адекватно учество во Конгресот на еМакедонија.
Ние нема да бидеме ниту арогантни, ниту суетни, ниту џомби, ниту бебиња. Во нашата партија има место за сите слободомислечки луѓе.
Во нашата партија им е местото на сите кои сакаат да и помогнат на еМакедонија.

Да живее МНФ!
Да живее Македонија!