Известување [Претседател на Р.Македонија]

Day 1,151, 15:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski


Здраво живо Македонијо!

Како прво би сакал да им посакам уште еднаш добредојде во еМакедонија. Се надевам дека Новиот Свет ќе ви пружи многу забава, создавање нови пријателства и секако акција!

Би ви препорачал уште еднаш да ги следите советите на постарите играчи и на сите државни институции.

- Војна

Македонија тргна кон поход на Бугарија, започнавме многу добро со оглед дека како нова земја во еРепублик со само 3 месеци искуство стигнавме да окупираме 2 региони (од кои 1 беше вратен од страна на востаниците) и моменталниот напад на Русе, каде Бугарија добро се брани. Исто така во моментов има востанија во колониите на Бугарија во Иран, доколу успеат нашите сојузници да ги вратат регионите на нивниот вистински господар би било голем удар за Бугарија, која многу потроши за да ги одржи своите колонии.
Така да утре ни останува да ја браниме Софија. Затоа сите храбро и сложно да ја одбраниме нашиот нов регион богат со железо.
Би сакал да им се заблагодарам на сите наши граѓани и сојузници кои помогнаа во остварувањето на оваа цел.

- Економија

Со воведувањето на новиот модул админите по мое мислење се обидуват да ја уништат цела економија во еРепублик. Повеќето критичари низ своите весници веќе ги објаснија негативните нешта од оваа измена, така да мораме да се подготвиме и за најлошото.
Овде би сакал да спомнам нешто важно! Бидејќи бевме нападнати на Монетарниот Маркет од страна на нашите комшии сега имаме проблеми да го одржиме курсот на денарот и златото во Македонија. Се прават напори што поскоро да се среди оваа ситуација. Затоа би ве замолил сите пред да сменат пари/злато, злато/пари нека проверат дали ги менат од Македонец. Битно е да не ги даваме парите на странци за да не се случуват компликации на Монетарниот Маркет. Би сакал да додадам дека оваа криза не е само во Македонија туку и во целиот еСвет заради новата измена во економскиот модул.
Затоа купувајте само од Македонци!

- Општо

Би сакал ви кажам дека Македонија е една од земјите со најголем потенцијал во играва. Така да со тек на времето Македонија ќе стане една од најсилните еЗемји во Новиот Свет. Се што треба народот и власта да ги едуцират и да се грижат за новите играчи кои се иднината на еМакедонија(Веќе во тек многумина помагаат). Затоа не бидете себични, давајте совети и помош на новите играчи колку можете, еден ден ќе вратат дупло повеќе за Македонија!
Исто така би спомнал да поканите што повеќе пријатели во играта и да ги запознете со виртуелната еМакедонија за да станат идни борци, политичари, новинари со кои ќе се гордееме.

Затоа Македонци, пред нас има само светла иднина, со тек на времето Македонија ќе се искачи на врвот во играва. Со труд, желба и работа да изградиме нова, поубава, побогата, поголема еМакедонија!

Македонија на Македонците!