Политика со даноците !!! (мора да се прочита)

Day 1,151, 13:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Како што сите можете да забележите, во последните неколку дена ни се случуваат драстични поместувања на економската состојба..

Ни се случува:
1. Драстична девалвација на МКД, за која реагирав неколку пати
2. Ни се случува неосновано паѓање на цените на сите производи
3. Ни се случува драстично намалување на платите во Македонија

Сакам на почетокот да бидам јасен дека најголем дел од причините зошто се случуваат овие работи лежат во објективните околности. Но, сепак мислам и дека со одредена проактивност можеме колку толку да ги подобриме состојбите.

Причините се:
1. Новиот економски модул
2. Војната (за која секако се трошат многу злата)
3. Економската војна која против нас ја водат Бугарија и Грција (со огромни интервенции на монетарниот маркет)
4. Зголемената понуда на работна сила поради бејби бумот

Но, во секој случај.. Ефектите се многу лоши за нашите граѓани. Платите изразени во МКД секојдневно се намалуваат, а пак МКД ја губи својата вредност во однос на златото. Тоа значи дека нашите играчи стануваат посиромашни и помалку конкурентни во споредба со другите играчи.

Состојбата и во другите држави не е розова, но бар кај нив нема толкави поместувања на монетарниот маркет, односно нема толку голема девалвација.

За да се санира оваа состојба добро е државата да ја стегне економската политика и да и посвети поголемо внимание.
За почеток е добро, да се стегнат даноците. Тоа не е многу популарна мерка, но во момент на војна е неопходна.
Во овој текст би сакал да го поздравам последниот потег со предлагање на нов закон за даноци за храна:
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/65351

Со овој предлог, навидум се зголемуваат даноците, но на последната цена на пазарот тоа скоро и нема да се почуствува. Тоа значи дека граѓаните ќе платат повеќе за некоја децимална вредност, а државата ќе си овозможи во оваа фаза да има поголем капацитет за интервенционизам на пазарот. Во секој случај верувам дека ова е мерка која ќе биде актуелна само за време на војна.. За понатаму ќе разговараме со други информации

Предлагам, државата да ги разгледа можностите за поместувања на даноците и во другите свери.
Да бидеме искрени. Македонија мора да биде силна држава.
Сите ќе дадеме по малку, а Македонија ќе добие многу.

Да живее Македонија !!!