Малце разонода

Day 1,151, 03:32 Published in North Macedonia North Macedonia by filozof123

Значи македонци како што е насловот, овој весник го пишувам за малце разонада и за да ја промениме малце темата од војните...
Еве затоа неколку воциви за да вака сабајлечки ве расположам!

Професорот: Ученици дали постои Господ?
Учениците: Да постои!
Професорот: Може ли да го видите?
Учениците: Не!
Професорот: Може ли да го допрете?
Учениците: Не!
Професорот: Епа тогаш не постои Господ.
Ученик: Се извинувам професоре, можете ли да го видете вашиот мозок?
Професорот: Не!
Ученикот: Можете ли да го допрете?
Професорот: Не!
Учениците: Па тогаш немате мозок!

Цветко на зелен пазар се обидува да му продаде пакетче Виагра на Трпе:
- Ова пакетче кошта 1000 денари, јас ти го давам за 800.
- Не, не вреди.
- Добро, дај барем 500.
- Не, не вреди.
- А за 200, што викаш?
- Не, не вреди.
- Еве за 100 ти го давам.
- Не, бе, не вреди.
- Е, како бе не вреди, во аптека една таблета е 500 денари.
- Ааа, таблетите вредат како не, жена ми не вреди.

Си биле американец, русин и македонец. И тие се фалеле кој во што е подобар. Американецот рекол дека кај нив е развиено градежништвото, дека кај нив се градат високи згради и облакодери. Русинот рекол дека кај нив е развиена медицината, односно дека некој човек што не гледал убаво му ставиле фарови од волга, и дека после тоа се убаво гледал како був. На ова македонецот рекол:
- И кај нас е развиена медицината, еден човек работејќи на машина за сечење дрва си ја исече раката до зглоб, па ние му сошивме виме од крава па сега работи и си цуца млекце.
На ова русинот прашал:
- Е кој го видел тоа?
И македонецот одговорил:
- Тој вашиот со фаровите!

Ајде сега луѓе Vote+Subscribe за да земам и јас малце голд!