Објаснување на мисии - прв дел

Day 1,148, 23:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Tas

Многу од новите играчи прашуваат какви мисии има и колку се важни за играва. Исто така и дел од постарите (мислам на – 20 левел) се уште не се доволно информирани за тоа што донесуваат мисиите, па затоа (иако веќе повеќе пати се пишувало за ова) во оваа и во следната статија накратко ке ви објаснам што услови бараат мисиите и што награди даваат.

Сега ќе ви ги објаснам трите мисии Ел Дорадо, а во следната која ќе ја објавам попладне и останатите мисии.

1. Најди го Ел Дорадо – Подготви се за патување (Find El Dorado - Prepare for the journey)

- Треба во Inventory да имате 5 оружја (не е важно кои)
- Треба во Inventory да имате 8 карти за патување (било какви)
- Да тренирате 5 дена по ред.

Кога ке ја завршите – клик на Get Reward – наградата е 15 поена сила и 2 искуствени поена.

2. Најди го Ел Дорадо – Пребарување (Find El Dorado - The Search)

- Треба е да имате двајца играчи кои се регистрирале на еРепублик со ваша покана
- Треба да се преселите во Јужна Америка
- Да имате една неискористена мапа со злато

Кога ке ја завршите – клик на Get Reward – наградата е 15 поена сила и 2 искуствени поена.

3. Најди го Ел Дорадо – Сега или никогаш (Find El Dorado - Now or Never)

- Треба во период од 24 часа да убиете 30 противници
- Треба да убиете по еден противник во три различни битки во региони во Јужна Америка
- Треба да имате на вашата сметка минимум 100 парички од валутата на државата во која се наоѓате во моментот

Кога ке ја завршите – клик на Get Reward – наградата е 100 поена здравје и една мапа со злато


Совет: Да се убијат 30 противници не е лесно, особено што сте ограничени со здравјето што можете да го надополнувате во текот на еден ден. Затоа почнете со мавање пред да се ресетира денот (9 часот наутро) и барајте во различни борби противници со малку здравје кои може да ги убиете со едно пукање. Исто така водете сметка и за јакнењето на воениот ранк, затоа што со секое преминување во повисок ранк ве полни со здравје.


ВАЖНО: Мисиите не се направени за да заработите, туку да бидете наградени за активното играње. Затоа не трчате по нив и без врска не трошете пари, исполнувањето ќе си дојде само од себе, како ќе се развивате.