НОВИНАРИ && ПЕКАРИ

Day 1,145, 09:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Jovan74


Прво да се честитаме, среќни божиќни празници и се најбаво...


А сега да прејдеме на темата. За новинарите:

Сакам да им се обратам на сите новирари во еР.М. да се смират малку со пишувањето на статии. Знам дека сите сте возбудени поради првата војна и разбирам се, ама ова е премногу. Од вчера, почетокот на војната, до сега се имаат напишано повеќе од 60 статии. Повеќето од нив се состоеа од 5-6 реда во кои пишуваше дека треба да поевтини лебот и да се бориме при крај на битката.

Знам дека сакате да помогнете ама ова повеќе личи на спам. Затоа престанете да пишувате статии од кои никој нема никаква корист и почнете да го спроведувате тоа што го пишувате...


За пекарите:

И вас пекари ве разбирам, ја разбирам желбата за поголем профит, но не разбирам зошто толку и отежнувате на земјата со огромните поскапувања на лебот. Повеќето од играчите се откажаа од битките поради недостаток на пари за да купат леб а вие упорно покачувате. Па луѓе жртвувајте се барем малку за земјава. Значи во моментов лебот е 0,93 МКД и јас неможам да си го дозволам зошто сум банкрот. Поевтинете го барем на 0,30 или ако е многу 0,50 / 0,70.

ПОМОГНЕТЕ И НА еМАКЕДОНИЈА...
И VOTE + SUBS...