Време е за ВОЈНА !?

Day 1,143, 06:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Во текот на вчерашниот ден се одржаа претседателските избори насекаде во нашата околина..
Како и што ги анализиравме сосотјбите така и се развиваат. Но се развиваат и побргу од она што се очекување.
Заради увид, погледнете го делот за еБугарија и еТурција:
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1626536/1/20

Но, што е она што денес се случува. Во двете држави, како што и претпоставивме победија кандидатите кои се залагаат за меѓусебна пресметка.
И акцијата следува.
Во Конгресот на еБугарија при крај е гласањето за прогласување на еТурција за природен непријател:
http://www.erepublik.com/en/Bulgaria/law/64616
Во моментот на пишување на оваа статија, соодносот на гласови е 22:7, што би значело дека до одлуката за војна на Бугарија и недостасуваат само неколку гласови.

Во Конгресот на еТурција има во процедура ист таков закон:
http://www.erepublik.com/en/Turkey/law/64645
Овде соодносот е сеуште на мали бројки и е очигледно дека Турците ќе тактизираат и ќе ја чекаат одлуката на Бугарите..

Ако биде донесен првиот закон, значи дека и Бугарија влегува во војна со Турција..

Ако така се развиваат работите, веќе нема никаква причина да се одолговлекува нашата одлука за започнување на војна со Бугарија со цел за завземање на бар два региони.
Овој пат мораме да застанеме во заштита на нашите браќа од Турција и заедно со нив да пробаме да си ги освоиме заедничките цели.
Плус, ако е можно и Србија да помогне во една таква офанзива, би било одлично, а ако не, одиме со Господ напред.

Затоа, до државниот врв предлагам неколку работи:
1. Да се спремат за вонредна/воена состојба
2. Да поднесат на усвојување закон за прогласување на Бугарија за природен непријател (а гласањето да почека на исходот во нивниот Конгрес)
3. Да се обезбедат сигурни државни резерви за храна и оружје
4. Да се засили дипломатската активност и со пријателските, но и со непријателските земји
5. Да се информираат бригадите на АРМ и паравоените формации за да бидат во состојба на готовност

Мислам дека е време за војна.. Ни требаат нови региони, ни треба повеќе жар во играта. Ни треба раздвижување на економијата. Ни треба единство.