Што сработил конгресот? [отчет]

Day 1,139, 23:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Fantomsky

Деновиве наидов на обвинувања дека една четвртина од мандатот ни’ поминала, а ништо не сме сработиле. Со тоа сме приморани да даваме отчет порано, пред истекот.
So, here we go:
1. Конгресот има редовни седници на приватен канал на чат, одбран е претседател и два потпретседатели кои би ја воделе седницата во негово отсуство.
2. Се обрнува далеку повеќе внимание на одобрувањата на државјанство и за секоја посебна апликација детално се истражува дали е безбедно да се одобри или не.
3. Досега имаше само една грешка за давање државјанство, катастрофална, дело на конгресмен од OeM, мојата матична партија. Членот веднаш поднесе оставка, и кога јас би се прашувал, никогаш нема повеќе да биде вклучен во водењето на државата, на било кој начин.
4. Предложени се само два закони од почетокот на мандатот затоа што даноците се средени, а има меѓусебен договор да не се чепка во воените закони додека да се реши ситуацијата меѓу Турција и Грција.
5. Планиран е бејби бум кој е само начелно разговаран, подетално ќе бидете известени доколку има некој напредок.
6. НИТУ ЕДНА сериозна расправија во конгрес, иако членовите се од три различни партии. Тоа говори за единството во конгресот и желбата на сите конгресмени државата да оди напред, ставајќи го патриотскиот и државен интерес пред личниот.
7. Како што најавив во својата кандидатура, јас лично и индивидуално се залагам да се стабилизира цената на житото и лебот. Очигледно до некаде и има напредок, житото падна на 0.07 пак, а и лебот се спушти во нормални граници. Платите пак, од друга страна, природно ќе се изедначат со стандардот, тоа е дел од процесот кој не може да се убрза, бидејќи се раководи со живи еГраѓани, а не со лебови и жито.

Ако некој смета дека уште конгресот не сработил ништо, нека ми ги побие сите точки, нека докаже дека лажам, па јас уште денес ќе поднесам оставка.