Зголемена Смртност на еМакедонците

Day 1,138, 04:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Gjurakis

При последните проверки на бројот на населението во ЕМакедонија се забележуваат ФРАПАНТНИ бројки.

еМакедонското население од блиску 7000 за еден месец е намалено на 5400!

Што значи оваа катастрофална состојба и на што се должи?

Оптимистичките зголемувања кои можевме да ги забележиме пред се се должат на Бејби Бумовите предизвикани од неконтролирано и непрофесионално рекламирање како и катастрофално и лошо спроведени бејби бум акции.
Луѓето се зачленуваа во играта, а потоа беа оставени сами на себе без поддршка, тренинг, објаснувања и скоро никаква помош во пари и леб.

Авторот на овој текст имаше шанса да запознае играч кој се зачленил на овај начин и беше пред откажување со играње.

Ова е неговата сторија:

„Се зачленив пред десетина дена од текст и реклама на интернет и играта веднаш ми изгледаше досадна , неинтересна и помалку фрустрирачка. Не знаев што да правам и каде да се обратам. При зачленувањето добив една порака од Претседателот на еМакедонија во која ме поздрави и ми посака се најдобро.

И ништо повеќе! Никаков совет, никаква поддршка. Никаква помош...

Работев, се борев и секој ден добивав откази. Не знаев на што се должи тоа. Никој не ми даваше објаснување. Праќав пораки до газдите на фирмите каде што работев, но не добивав никакви одговори.
При последното вработување Gjurakis ми објасни дека треба да работам со 100% здравје, ме остави на работа и ми помогна со неколку лебови. Од 40% со колку што почнав да работам кај него - сега имам 100%. Повеќ и не се борам. Само работам и вежбам. Као што ми беше објаснето, моето учество во битките со овај левел сега е скоро и неприметно и апсолутно неважно. Работам со бустери бидеќи сакам што побрзо да ја зголемам мојата продуктивност. Кога ќе дојдам до мастер, бустерите ќе ги насочам кон војничко тренирање, бидеќи до тогаш ќе имам пари тоа да си го дозволам, а сега златото од нивоата го трошам на бустери за работа. Ќе почнам со борби откако ќе дојдам до сила 500.
До тогаш се надевам и дека ќе имам доволно пари за сам да можам да си го одржувам здравјето.“

Почитувани читатели. Можам слободно да кажам дека Бејби бумовите се покажаа како неуспешни за зголемување на популацијата. Тоа се должи на зголемен прилив на играчи на кои НИКОЈ не им обраќа внимание, непостоење на доволно јаки институции и неискусни лидери.
Затоа тимот на „Стратегиски Парадигми“ советува:

Секој подобар играч да зачлени барем по 1 нов човек неделно за кој би можел да одвои по 5-10 денари или 10 до 20 лебови за новиот играч да може брзо да го совлада првите 10 нивоа.
Доколку барем 500 играчи го направат тоа (тоа се само 10% од моменталната популација на еМакедонија) за 1 месец еМакедонија повторно ќе дојде до бројка од 7000 а веќе секој месец понатаму ќе се зголемува за нови 1000-2000 играчи. Но овој пат новите играчи нема да бидат оставени сами на себе туку ќе знааш што и како да работат. На ваков начин популацијата ќе расте стабилно и континуирано.
Тимот на „Стратегиски Парадигми“ тоа веќе го има направено и во еМакедонија имаат донесено неколку добро играчи кои беа поддржани, им беше се објаснето и денес, а и во иднина се и ќе бидат добри и стабилни граѓани на еМакедонија.
Се надевам дека еВладата н еМакедонија ке се позанимава со овој есенцијален проблем во нашето еОпштество и ќе ја поддржи оваа акција ако не со нешто друго барем со популаризација на овој наш напис.

Ве молиме за sub&vote.