Плукачи како подкатегорија... ( што е тоа конгресмен ?! )

Day 1,133, 03:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Royalexe



Најпрво добар ден на сите Македонци/ки, еве како што можеме да видиме последниве денови нашата држава е жртва на предавници, кодоши, луѓе кои се борат за ситни лични интереси (ситни души) и секако плукачи по своите сограѓани.

Ајде вака да почнеме, ќе бидам краток и јасен се надевам за повеќето. Јас ќе се задржам на изминативе конгресменски избори каде што како подкатегорија се појавија оние плукачите по своите сограѓани кои без пардон пишуваа плукачки статии, плукачки коментари на туѓи статии итн. Нивното незадоволство беше повеќе од очигледно, но прашањето е дали истите тие плукачи знаат што уствари е конгресмен и каква е неговата функција и какви ингеренции има тој. Прва работа, зошто е пожелно конгресмените да бидат од една партија ? - затоа што секој конгресмен како поединец неможе да постигне ама баш ништо, напротив кога се става закон на дневен ред на гласање сите конгресмени го гласаат исто и таа е таа координација и организација во владата. Втора работа ниеден конгресмен не си поставува закон како ке му текне и кога ке му текне, напротив тој добива инструкција од советот но и од органите од владата. Некои си мислат дека ако станат конгресмени ќе ја водат државата - НЕ . Државата ја води претседателот во соработка со владините органи - Премиер, Министри, Конгресмени итн.
Медалот кој се добива останува на профилот на играчот, но златото од мапите најчесто се донира на партијата во која самиот конгресмен членува.

*Би ве замолил за ГЛАС како оваа статија би се нашла во ТОП статиите и сите ќе ја прочитаат, а некои можеби и ќе се пронајдат во текстот.*



Друга работа исто многу важна која треба да се знае е дека од кога ке се стане конгресмен обавезно треба да се следат инструкциите на повисоките органи од самиот конгресмен, тоа подразбира активност, послушност, лојалност и секако доверба.

Во врска со оставката на премиерот сакам да додадам дека треба да се засрамат сите оние кои индиректно и директно влијаеа за да дојде до ова "дереџе". Можете да ја прочитате самата оставка на премиерот и да се подзамислите малку кон што не води целава оваа ситуација.

НАДОПОЛНУВАЊЕ во 13:30
Заборавив во погорниот текст да напоменам. И дајте стварно доста со ширење на некои мислења и пропаганди во стилот дали вреди да се игра играва, па ако на некој не му вреди слободно може да престане и тивко да си замине без да се прави многу тензија и фама околу тоа, тие најчесто се исфлустрирани и искомплексирани луѓе кои кога почнале да ја играат оваа симулација мислеле дека после една недела ке станат премиери, претседатели, конгресмени итн. Па АЛО има тука луѓе кои играат по 2 години а сеуште немаат извршувано ниедна од тие функции. Не се работи за кој колку игра, туку на кој колку му фаќа црпката и ја разбира оваа симулација и целата поента во неа.

Не заборавајте - ГЛАС и ПРЕТПЛАТА - ви благодарам.
Don't forget - VOTE and SUB. - thank you.


*Би ве замолил за ГЛАС како оваа статија би се нашла во ТОП статиите и сите ќе ја прочитаат и некои можеби, а ќе се пронајдат во текстот.*