Кучињата лаат, ОеМ ја води државата

Day 1,132, 11:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Fantomsky

Деновиве бевме сведоци на многу препукувања преку весници, на чат, по shout-и... Добро е низ град што не видов некој билборд со повик за гласање за некоја партија.
Прво, сакам да се заблагодарам за довербата на гласачите, која ми донесе место во конгресот. Златото отиде во НБРМ, како што треба.



Не знам што гледа опозицијата лошо во обединета еМакедонија, како визија и како систем кој функционира. ОеМ не е составена од куп дечишта кои се жедни за власт, макар виртуелна. ОеМ е партија составена од искусни и разумни играчи кои ги знаат и предностите и мааните ако некој закон се изгласа. Сега ќе речете - кој нашол да зборува, ни два месеци не ја игра играва - но за тие два месеци преку читање весници и преку комуницирање со поискусните играчи пред се’ ја сфатив играва повеќе од доволно. Не бидете револтирани што ОеМ повторно се „прошета“ низ изборите - ако се лутите за тоа, најдобро да ја продадеме државава на Татарите или Гејците - што сигурно и ќе се случеше доколку се изгласаа законите за природен непријател. еМакедонија уште не е спремна за војна. Не е доволно да освоиме еден регион, за по неполна недела да изгубиме и наша територија.
Помалце раскол, повеќе единство - за напредок!

П.С. Среќни празници. 🙂