ОДГОВОР НА НАПАДОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Day 1,132, 06:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonec_1989

Статијава ја пишувам како одговор на статијата на Vasil Cakalarov, кој во неговата статија, која имаше за цел да ја нападне Обединета еМакедонија, изврши напад на демократијата во Македонија, но не само на тоа, туку и на сите играчи членови на еМакедонија, по пат на разни клевети, а кои, како што може да се види, не можеше да ги докаже.

Прво, ги обвини членовите на партијата Обединета еМакедонија дека недемократски ги одбирале кандидатите, а никако не успеа да објасни зошто и тие учествувале во тој избор, па откако од, само за ним позната причина, се префрлија во нова партија, што е сосема легитимно право, започнаа да ги критикуваат оние кои беа избрани, а за да биде поголем парадоксот, токму на тој форум и тие ги презентираа кандидатурите, а како врв на сето тоа обвинија дека тоа е партиски форум. Господо, ако е форумот партиски, зошто и вие сте зеле учество во таквото нешто? Зошто кандидатурите сте ги поставиле на партиски форум?

Второто обвинение уште посмешно, а се однесува на тоа дека играчите, членови на Обединета еМакедонија, ги попречувале другите да се развиваат во играта. Зарем играчите станаа администратори на играта? Зарем тие имаат можност да решаваат кој да напредува, а кој не? Секако, да не е трагично, ќе е смешно.

Третото обвинение е дека владеачката партија Обединета еМакедонија спроведува комунизам. Ова обвинение е воедно и најсериозно, затоа што другите се секако смешни и само плод на фантазијата и амбицијата, која веќе ги преминува границите на разумот, на некои. Дури и тука не објаснија за каков комунизам станува збор. Секако, тоа не ги спречи да бараат урамнилковки, еднаквост, притоа знаејќи дека тие се оние кои не освоија доволно гласови на демократски избори. Такви протекционистички мерки знаеме добро за кого се својствени.

Жално е кога своите неуспеси се препишуваат на друг, но, очигледно, тоа е единствен начин да се стори нешто, иако, последиците од тоа нешто бргу ќе ги почувствуваат. Обединета еМакедонија никогаш нема да дозволи да дојде до загрозување на демократијата во еМакедонија и ќе се бори против секој вид протекционизам. Секому според заслуженото. За подароци нема да има место. Тоа го знаат и одбраните, а и гласачите, за што особено ни е задоволство.