ЕКОНОМСКА СИТУАЦИЈА
Demigod_mk
Гледам проработел повторно делпт за БДП и увоз и извоз на делот за економија од информациите за земјите.
МИСЛАМ ДЕКА СЕ Е КАЖАНО
Скролајте најдоле за важниот дел
http://www.erepublik.com/en/country/economy/Republic-of-Macedonia-FYROM
Comments
На што сакаше да потенцираш поточно ?
ПРВ
Не можам ни во мој артикал прв да бидам 🙁
Monthly exports
3660.37 Gold
Monthly imports
8324.42 Gold
Значи Македонија месечно осиромашува за скоро 5.000 Gold кои одат надвор од Македонија за увоз???
Браво бе Конгресмени!!!
после вас Потоп.
иде Дунав!!!!
Ако мислеше на она Monthly imports тоа е нормално, пред да дојде новиот модул каменот имаше мала вредност и сеуште има а житни, нафта, железо воопшто немавме и увезувавме. И да сеуште има недостаок од истите па нормално дека мора да се надополнува со увозно.
Еве и Турција е слична ситуацијата само финтата е што кај нив и предходно како постара држава имаа повеќе компании, а сега имаат многу жители како нас па мора увозно плус ..
http://www.erepublik.com/en/country/economy/Turkey
Поука од ова - треба нови компании за железо, нафта, жито па и оружја и храна исто така.
@ Аминта
И решение што е подобро според тебе играчите да плаќаат дупло поскапо жито, храна, оружје додека не се направат кај нас компании ? или да увезуваме ама барем побрзо ќе јачаат нашите играчи.
+ да не заборавиме дека во нашата држава нема големи бонуси на храна, жито, оружја и слични работи така да сосем нормално е од страна да се зима се додека не се отворат компании кај нас за тоа. Како што реков дури и државите како Турција имаат проблеми зошто имаат поголемо население за кратко време а не пак ние.
United Macedonia, јас го кажав моето мислење... повеќе фирми за жито и железо да се отвараат но во Македонија а не надвор!!!
Ама види како се наштелувани Законите... се форсираат увозните жито, железо, па дури и леб и оружје... кои покрај пониски Даноци имаат и + природната предност на бонусите кои играва ги дава (25😵
Резултат = зголемен увоз, одлив на пари, иселување на Македонци да работат во фирмите надвор, помалце пари во државниот буџет, помалце работни места во Македонија, многу затворени фирми во Македонија (многу го селат бизнисот надвор)....
ова е само почеток...ама нека ви биде... ќе видите што ќе стане кога ќе напарнат Бугарите... се надевам имате доволно наштекано во државните фирми за сите.
@United Macedonia
Detetvo nejke da razbere deka so noviot modul ni go nacukaa mnogu jako zaradi kamenot i kukite sto ke gi snema.
I deka kako drzava so regioni za ovosje, goveda (aj ke napisev nesto ama ke se vozdrazm) i aluminium treba da se strpime da se implementiraat i da se investira vo niv, 25% na produktivnost dava + toa e toa so fali za dobar izvoz !
United Macedonia:
’+ да не заборавиме дека во нашата држава нема големи бонуси на храна, жито, оружја и слични работи така да сосем нормално е од страна да се зима се додека не се отворат компании кај нас за тоа. Како што реков дури и државите како Турција имаат проблеми зошто имаат поголемо население за кратко време а не пак ние.’
....ако те разбирам добро...треба значи све да увезуваме?
пошто никој нормален нема да отвори фирма тука кога со вакви даноци поевтино му е да одвлечка 10 луѓе да му работат жито во Турција на пример? (ем поголемо производство 25%, ем пмали даноци - само 1 % за увоз во споредба на 8% за домашниве)
Аминта веќе ја претера,па нормално ќе одат надвор парите кога ни еден регион немаме од новиов модул,ако имавме барем жито на пример кое не се менува тие 5 ќе беа 2,така да нормална е оваа работа
Човеку се прашувам уште колку ниско можеш да паднеш после оној последниот артикл дека сабајлево немало жито, после кажа и за фирмите дека многу житни се затварија а вкупно 1 не работи само!
Наштелувани се така да имаме ефтини производи додека може, не е финтата да ни диктираат пазар 10-15 фирми и да им текне да накачуваат цена кога и колку сакаат притоа да не мислат на играчите и да ги дигаат дури и цените дупло.
Кога ќе имаме домашно производство повеќе ќе се затворат таксите, поедноставно здравје. А дека фирмите ги преместуваат е лага ..
И не гледаш дека сам се контрираш ? првен вика сега ќе видиме што ќе биде ако нападнат Бугарите.. па да имавме ниски такси ќе немаа леб луѓето да си купат или наместо да купат за 0.7 денари ќе купуваа по 1.2+ денари ..
за оружјето бетер ќе биде ..
ахам...значи Boris Mitrevski, според тебе е НОРМАЛНО е да се одливаат 5000 gold секој месец од Македонија?!?
само тоа ме интересираше... чим е така ОК!
сега ми е се јасно, толку од мене!
честито Потоп!
Ние самите си го начукавме за каменот и куќите. Кога државниов ни врв викаше не инвестирајте во ништо друго освен во камен, после една недела поделија 100 бесплатни куќи и пола фирми затворија.
Пошто нели, друг начин да се расподелат куќите, дел по дел, немаше, требаше тој сектор да падне. Едноставно крив си беше.
Слично се случи и со железото, иако беа само 4-5 фирми. Се стави закон во држава со бејби бум без никакво соопштение однапред. Зашто да си мачиме прстите и главичките да соопштуваме кога можеме да уништиме неколку фирми. Мислам зошто не ги прашавте постарите (која иронија).
United Macedonia, последен пат ти објаснувам... постепено ќе станеме зависни од увоз, тоа знали дека вчера со ембаргото запре увозот на жито од Бугарија (која има жито), Србите се во војна, Турците исто (нивното жито им треба за нив), утре пр. Бразил да реши да иде и он во ЕДЕН останавме и без тоа жито....
Купувајте домашни производи! ...ако воопшто ги има во иднина ; )
Не мешајте 2 сосема различни економски модули, со претходниот модул со 1 грејн фирма можеше целосно да задоволува 1 фирма за леб а со новиов поради намалена продуктивност 2 грејн фирми ќе задоволот производство на 1 фирма за леб
НЕ МЕШАЈТЕ 2 РАЗЛИЧИ ЕКОНОМСКИ МОДУЛИ
А за БДП-то многу нормално дека ќе биде така бидејќи немаме доволно економска моќ за да отвориме доволен број на фирми за жито, железо и нафата а згора на тоа и вештачките плати како резултат на ДВ фирмите не дозволуваат цената на житото да се намали (истото би било и со железото и нафтата) значи доаѓаме до тоа дека целата причина се DW фирмите и нивните лакоми газди профитери
Аминта и јас тебе ти објаснувам, не разбираш дека постепено кога ќе се отворат наши фирми даноците ќе се кренат за странски фирми !? И уште еднаш ти кажувам кај виде ти 1% дека плаќаат странците и дека се по-конкуретни од нашите искрено до сега секоја пресметка ти беше FAIL.
И првен викаш дека нетребало од странство после викаш дека сме останале без тоа ? кажи решение АЈДЕ повторувам не биди смешен. Нема врска што Србија е во војна ете пак нудат исто и Турција, со Бугарија нема смисла да тргуваме и да полниме нивни џебови кои пари ќе ги искористат против нас или против нашите сојузници.
А Бразил не е во еден, имаме МПП со нив и можеме слободно да тргуваме со нив .
Чекам одговор на тоа како да се реши ова, дали да се затворат даноците иако при војна ќе плаќаме најмалку дупла цена на производите + ќе нема производи... изгледа ќе се бориме голораки ?
Плус како тоа странските имаат само 1% трошок ..
Знам дека нема да ми одговориш како и повеќе пати кога немаш одговор ама ајде ..
Macedonian_Lion, “НЕ МЕШАЈТЕ 2 РАЗЛИЧИ ЕКОНОМСКИ МОДУЛИ“
тотално во право си...порано не можеше да се произведува жито во МКД сега може и разликата е САМО 25 % од другите житни региони... порано медиум беше 50% помалце од хигх... сега таа разлика е минорна (25% - разлика како 10 вработени со 100 или 80 здраве да работат или без 20% бонус од регрутирани пријатели)... е сега зошто да немаме домашно жито???
Зошто мора и тоа да го увезуваме по 1% кога може да го произведуваме дома?
Абе момче, не ти спорам фактите дали некој купувал оружје или не, дали данокот е оправдан или не.
Ти префрлам и тебе и на другите од тоа време за нетранспарентноста при донесување на тие закони. Ништо не беше речено нигде, ни секунда пред да се стави на предлог, а требаше да се напомене уштре во твојата изборна програма ако не и пред тоа.
Те изгласавме не за да уништиш секторот со поделбата, туку да го развиеш. Тие куќи можеа да бидат поделени на многу други начини, по заслуга, неколку куќи на недела, или како и да е, ама со поделба на 100 куќи одеднаш, многу фирми пропаднаа, и за камен и за железо, од проста причина што тие играчи кои ги отворија фирмите (од бејби бумот) немаа доволно пари одма да инвестираат во лиценци.
@Aminta Makedonecot
Никој не вика да немаме домашно производство, домашното производство е круцијално, туку дали тоа домашно производтство ќе ги намали цените на суровините со сегашните плати кои од ден на ден се се поголеми или затварањето на пазарот за увоз ќе донесе ценовен шок од зголемување можеби и до 100 посто.
Според логиката треба да има дупло повеќе грејн фирми од фирмите за леб со цел да се задоволи домашната побарувачка. Ако сме блиску до тој број или веќе го имаме надмината мислам дека треба ПОСТЕПЕНО да ги зголемуваме даноците а не одеднаш да ставиме 20 посто.
“Аминта и јас тебе ти објаснувам, не разбираш дека постепено кога ќе се отворат наши фирми даноците ќе се кренат за странски фирми !? “
United Macedonia, ај размисли малку со данок 8% за домашни наспроти 1% за увозни (+ бонусот од 25😵 каде очекуваш Македонците да отвараат фирми??? во МКД или во странсто???
И бравос за планот!!!....“постепено кога ќе се отворат наши фирми даноците ќе се кренат за странски фирми“... натепајте им го тогаш на сите Македонци со висок увозен данок, што сега ќе бегаат надвор да водат бизнис!
А толку е едноставно...барем да ги израмните во условите за бизнис домашниве со странските фирми... ама вие имате визија....визија за ПОТОП!
ај бркајте си работа...не вреди да ви објаснувам уште... ќе дојде ваљда некој по разбран од вас па ќе смени нешто.
Има една стара поговорка која вели:
Тој што знае и знае дека знае следи го.
Тој што знае и незнае дека знае освести ги.
Тој што не знае и знае дека незнае подучи го.
ТОЈ ШТО НЕЗНАЕ А МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ ИЗБЕГНИ ГО!!!
Аминта сеуште чекам одговор ..
@ Macednon
Данокот го решава министерот во консултација со конгресмените кои се избрани од народот да ги застапуваат нив така да не гледам што е спорно во тоа. Немам видено држава која известува за секој променет данок зошт/како ако има те молам за линк.
За куќите пишав дека беше моја грешка ама го ветив тоа во програмата и ме изгласавте, сепак најголема грешка е што истрчаа они одма да купуваат фирми па дури и со мулти акаунти работење да ја рушат цената на истиот при што од тоа пропаднаа повеќето компании. Второ немаше да пропаднат ако админите не решеја да ги укинат болниците и системите за одбрана.. едноставно неделно само преку 30.000 камен ќе се зимаше за истите.
@Aminta Makedonecot
Ти плаќаш 8% овде а странецот плаќа 20% дома кај него и плус 1% овде што значи дека ти плаќаш 8% а странецот 21%.Не знам дали не можеш да разбереш или така ти чини??????
@ Aminta
Единствен неразбран си ти тука, странците плаќаат 21% како што ти реков. Оди види во Турција колку е income tax (20 е иначе) плус кај нас 1 испаѓа 21% вкупно. види првен после критикувај се гледа дека слабо се разбираш искрено не гледам зошто го трошам времето со човек кој мисли дека се разбира во Економија а уствари е многу слаб во истата.
Не дека јас сум некој Економист али сепак ...
Инаку во Македонија очекувам, и реков дека ќе го дигнеме данокот за странските фирми што е тешко да се разбере ? И пак ќе ти кажам 21% плаќаат не 1% вкупно. И ајде кажи ми колку фирми на маркетот што продаваат за жито пример од странците се на наши Македонци ?
Кој е глуп да продава од друга земја кога знае дека утре ќе се дигне таксата кога ќе се отворат повеќе домашни и кога знае дека дома ќе полни буџет а разликата во заработка е скоро иста!
Ете ти кажа и Ристо, и што ако го ставиме и ние тука 20% и он таму плаќа 20% кој нормален ќе ти продава тука жито во Македонија со вкупна такса од 40% и никаква конкуретност на пазаров ?
Или целта ти е тебе да нема странци а да има производи, никако не ја разбирам твојата логика КАКО БИ СЕ РЕШИЛО ТОА се додека не се отворат повеќе наши домашни фирми.
И пак ќе повторам ако ставевме 20% и ние import tax тоа е еднакво на самоубиство и високи цени на жито, и таа 20% тука е еднаква на 99% (нема разлика искрено) секако он ќе нема можност да продава тука.
Така и Васил Чакаларов од твојата нова генерација што испаднавте wunderkind 2-3 и што мислите дека се знаете исто беше упорен во некои теории негови а незнаеше ни основни работи па ете го на стенбај е сега клика work-train само додека не научи како што треба.
United Macedonia, прочитај поубаво ти напишав “еднакви услови за бизнис на домашните и странските!“
ако сакаш уште појасно за да ме сватиш еве и вака ... МИНИМУМ што можете да направите е да ги израмните Income Tax со Import Tax за жито и железо... уште подобро би било ако им направите инверзија на сегашните ставки на Даноци.
за повеќе јасно ќе треба да почнам и да цртам : )
За во нова држава каде 95% од население е старо 1-2 недели, не важат правилата од државите каде економијата се развива со години. Не можеш да ги изедначиш двата случаи, затоа што се дијаметрално различни.
А во изборната програма можеше да напишеш, цитирам од http://emacedonia.info/index.php?topic=195.0:
„Иако сметам дека нема да западнеме во такво нешто туку лесно ќе можеме да ја окупираме Грција заедно со Турција за потоа и да одиме кон некои high регион како што е житото во Италија чија суровина е моментално една од најбараните суровини во играта.. затоа разгледајте ги кандидатурите и гласајте паметно!“
А не можевте да ги известите играчите за вашата визија за економијата и како ќе се решаваат даноците.
Убаво разгледај ја таа статија. Меѓу другото таму има и еден голем пасус за транспарентност.
Не ти го зборам ова од зло, туку да извлечеш поука и да не се истрчуваш непромислено во ветувања во иднина.
@Aminta Makedonecot
Ако се израмнат таксите нема да има еднакви услови за домашните и странските фирми зошто странците плаќаат 20% Income Tax во нивните земји и плус овде Import Тах а вие плаќате само овде Income Tax.Со сегашниве даноци има ЕДНАКВИ УСЛОВИ кои ти толку ,,многу,, ги посакуваш!
Аминта ти пак не разбираш првен викаш 1% само плаќале после викаш си рекол за исти да имаат даноци, и што ако се дигне и за увоз на 8% или вкупно 28 за оние од Турција што се.. мислиш ќе им биде конкуретно житото ?
28% повеќе на плати и такси не само што им го бришат она 25% бонус на производство туку и немаат причина да продаваат тука. А што кога нема да продаваат ? немаме жито ние.. кога во време кога немаме директна војна се дигна или пак скоро снема што правиме ако избие војна ?
^
Јас зборував за транспарентост на Владата не на конгресмените, кога они се и треба да бидат посебна институција. И они си предлагаат закони, дискутираат и ги донесуваат.
Risto Makedonski и United Macedonia за овој Данок од 20% во Бразил зборувавте???
видете го коментаров таму е одговорот кој го барате од мене:
http://www.pic.mk/images/11111292544457.jpg
значи јас сум многу по нов играч...ама не и наивен...еве гледам и учам од вас како се заобиколува тој Данок во бразил на пр. : )
значи само 1% при увоз не може да се заобиколи...
Да, факт е дека тој данок го плаќаат во друга држава но такви се механизмите во играта тоа е тоа неможеме ние да пробуваме ние теории што воопшто не се возможни. Но оние Македонци што се надеваат дека ќе заработуваат од БРазил ризикуваат ако се дигне таксата кога ќе има доволно фирми и како што реков нема такви многу фирми. Ако има повеќе од 3-4 за жито јас Мартин да не се викам ...
поедноставно здравје, кога ќе има наши фирми ќе се затвори тој данок и готово. ама нашите домашни имаат одлични профити дури и сега и пак ќе кажам дури и со најнеисплатливите скилови за к1 компанија пример житна..
дури и ако вработат 10 играчи со 10 скил и 17 денари плата со оваа сегашна цена 0.09 пак имаат пола злато профит!
..Значи МАртин еве уште еден од вашата клапа Конгресмени со фирма за жито во Бразил...еве како он размислува и работи:
http://www.pic.mk/images/22221292545121.jpg
ова не се мои зборови но ви даваат одговор на сите вапи прашања како прават екстра профит вашиве Конгресмени со фирми во странство и САМО 1 % Данок на увоз. И како сметаат дека сите со фирми во МКД се заебале....
Па Мартине сме се заебале ние со фирмите во Македонија или тие се заебале што отвориле во Бразил???
Чив интерес ќе надвладее?
со вакви Закони мислам дека е јасно кој прави екстра профит
...И после ова ПОТОП!
ајде чао!
абе човеку што ти е тешко да сватиш, негова работа е што ќе прави таму во Бразил дали ќе го плаќа данокот или не што тебе тоа те интересира? да го плаќа ќе бидеш ти позадоволен ? ама факт е дека он ризикува со таа фирма. И факт е дека мораме да увезуваме ти дадов пример дека нема да бидат конкуретни странските со тие даноци ти пак исто ми кажуваш..
џабе е наши 2-3 имаат такви фирми, некои си продаваат и без заобиколување и не им се исплаќа со таков данок. едноставно и веќе последен пост гледам слабо се разбираш во Економија ..
И не мешај конгресмени, секој може така да прави.. тоа што се паднало и конгресмен да има компанија ништо не значи. инаку они се заебале што ризикуваат таму додека тука нашите имаат загарантирана продажба сега и во иднина со СОЛИДЕН ПРОФИТ!
И прекини со тоа ПОТОП не им кради на паравоените единици некакво си мото само да провоцираш.
Ај истепајте се уште, неможете !!!
Љ_Љ Мартин секоја чест на упорноста : )
Ама оди прави нешто друго не чека војна не се препукувај во коментари, не за друго туку за џабе е : )
МОМЦИ..
Вие сте типичен пример за политиката во нашата држава.
Претседателот {и неговите поттрчковци} = ВМРО ( си ги бранете ставовите иако некогаш се може и несмислени)
Аминта = СДСМ ( само да ја критикува власта било тоа потребно или не)
Aminta
ne im se zamaraj
im go vidovme pametot, tolku mozat lugeto
ke prodolzat so onaa ama ovie pravat taka, ama onie pravat taka
i ke baraat sovet da im dades 🙂
premnogu se arogantni za da razberat
AceArsenal, инаку јас сум најмалце СДСМ во ставовите... напротив јас сум за по конзервативна десничарска политика и на играва... приоритет на Македонски фирми и производи - Македонија ПРЕД и НАД СЕ!!!
kojoti2, у право си со сила памет не се дава...моја грешка што се замарам.... и онака немаат одговор на моето прашање погоре еве пак ќе им го повторам:
Кој се заебал.... ние со фирмите во Македонија или се заебале Конгресмените што отвориле фирми во Бразил, Турција, Србија...???
Чив интерес ќе надвладее?