Состојбите во Бугарија и односите со Македонија

Day 1,103, 06:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonec_1989

Состојбите во Бугарија и односите со Македонија








Поттик за пишување на статијата се неодамнешните избори кои се спроведоа во Бугарија, земјата каде што сум амбасадор. На последните избори, главна тема, покрај многуте, беше и односот кон Феникс алијансата, а несомнено и односите на Бугарија со Македонија.

Резултатите од изборите во Бугарија, на кои мнозинство oсвоија партиите БНФ, со 13 пратеници и БДП со 10 пратеника, ветуваат промена во надворешната политика на Бугарија. Пред се, можна е политика која ќе ја одведе Бугарија во официјален неутралитет, а истотака можно е и влегување во сојузот ЕДЕН.

За тоа говори предлогот упатен од Романија за мир, кој најверојатно ќе биде изгласан, а з кој ќе треба да се изјасни и бугарскиот Конгрес. Со постојниот состав постои можност мирот да биде прифатен, а со тоа Романија ќе биде втора држава, покрај Грција, од сојузот ЕДЕН, која склучила мир со Бугарија.

Сепак, мошне интересно е што и покрај сево ова, Бугарија има склучено сојуз и со земји, членки на ФЕНИКС. Евентуалниот мир со Романија ќе ги проблематизира односите со тие членки.

Во сето ова мошне значајни ќе бидат и односите меѓу Бугарија и Македонија. Евентуален конфликт меѓу земјите, членки на ФЕНИКС и Бугарија, несомнено ќе ја присили и Македонија да се вмеша во сето ова. Од една страна, тоа ќе го олесни влезот во ФЕНИКС, затоа што нема да се противи ниту една земја, но од друга страна пак ќе доведе до воен судир со Бугарија, што во период на подготвување за војна со Грција, нема да претставува олеснителна околност, напротив, тоа ќе предизвика војна на два фронта, или пак тивка и неофицијална војна, водена од други држави, во кои македонските или бугарските граѓани ќе се вклучат. Доколку пак земјите од ФЕНИКС нападнат неутрална држава, несомнено дека тоа ќе и даде повод на Бугарија и бугарската влада, да ја внесе Бугарија во ЕДЕН, со што сите шанси за мир меѓу Македонија и Бугарија ќе се уништат и ќе почне воен конфликт, во кој ќе се вклучат сите пријатели, но и непријатели.

Македонската власт, во вакви моменти несомнено мора да покаже смелост и мудрост, да не дозволи дополнително влошување на односите со Бугарија, односно да се задржат постојните односи се додека не дојде до официјална промена во бугарската политика кон нас, а со тоа и можност за промена на македонската политика кон Бугарија.

Избрзана одлука и отворен конфликт само ќе ги катализира проблемите, ќе ги исцрпи потребните ресурси и ќе ги истошти граѓаните на двете страни, а владите ќе мора да вложат натчовекчки напори за да ја задржат постојаната политичка и економска состојба, со што дополнително ќе се засилат апетитите на противниците.

Најдобрата опција засега е мир од воздржување од непотребно влошување на односите. Мирот и задржување на односите со држава која засега е членка на ФЕНИКС за Македонија е особено значаен, а несомено и бидејќи со тоа се овозможува и засилување на позициите на оние сили во Бугарија кои сеуште веруваат во мирот со Македонија и останување во ФЕНИКС. Непотребна конфронтација и конфликт кој нема да може да биде контролиран, ќе ги поткопа напорите на оние кои се за останување во ФЕНИКС, а и ќе ги убеди и оние кои засега се неутрални, во штетноста од евентуално останување во ФЕНИКС. А несомнено, со тоа ќе се зацврснат и позициите на оние кои сакаат војна со нашата држава.


Makedonec_1989, амбасадор на еМакедонија во еБугарија