еМакедонски патриоти !

Day 1,103, 05:59 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD
Читајќи деновиве за ситуацијата после конгресните избори во еМакедонија и како веднаш почнаа нападите на владата и претседателот и појавувањето на несакани делби меѓу самите еМакедонци мислев како повторно да се врати единството во и помеѓу македонските граѓани



Единствената причина поради која 99% од Македонците се вклучени во еРепублик ја знаеме сите а тоа е бришење на еГрција од мапата на светот.
Јас ја започнав играва со таа НАМЕРА, се надевам и ВИЕ !!!



Не ми требаат фирми по светот, не ми требаат илјадници златници на моја сметка, не ми требаат медаљите од Медија Могулот, не ми требаат разноразни мисии од кои не добивате богзнае колку .

МИ ТРЕБА еМАКЕДОНИЈА еднаш и ЗАСЕКОГАШ да застане пред сите и ГОРДО да ја покажеме нашата сила, нашето име , НАШАТА Македонија !!!



Секој кој во играва почнал да мисли како да се збогати, ќе напишам само едно ОВА се виртуелни пари , и единствените пари кои може да ги имате се тие од кредитните картички , но за жал тие пари се даваат за играта а не се добиваат. Единствената добивка која може да ја добиете е задоволството од победата на БОЈНОТО ПОЛЕ , а таму се гледаат ХЕРОИТЕ таму се гледаат ПАТРИОТИТЕ таму се создава ДРЖАВАТА, таму се остава и последниот денар и последниот грам злато од вашите набилдани трезори .


И сфатете патриот НЕ е човек што ќе ЗАГИНЕ за својата земја , ПАТРИОТ е оној кој ќе го натера непријателот да загине за неговата.
Патриотите продолжуваат да живеат, патриотите се слават тие се хероите во оваа ИГРА , тие ја одржуваат силата на еМакедонија, тие ја градат довербата меѓу НАС тие се лицето на секоја еНација , затоа тренирајте секој ден , работете секој ден, почитувајте ги наредбите од надредените, работете само и САМО за доброто на еМакедонија и ќе бидете НАГРАДЕНИ со задоволството кое сите ние го бараме во оваа игра !!!

Да живее мајка Македонија !
Да живеат Македонците !
Да живее обединета Македонија !