Второ соопштение за пекарите/фурните!

Day 1,100, 03:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija


Отворена е уште една 1DW компанија за жито, вкупно втора, покрај таа во Турција овојпат во Војводина, Србија.
Вчера беа пуштени скоро 50.000 единици на жито по цена од 0.04 мкд. Како што се "правеше" житото, така беа пуштани по 300, 500, 700, 1000 единици на жито...
Неколку фирми од Србија и Турција пуштија одредена количина по 0.04 мкд но заедно со државното жито недоволно за да "падне" цената на 0.04 мкд. Како што се ставаше житото на маркет така за неколку минути најмногу "исчезнуваше".

Ги повикувам сите фурни кои имаат помалку од 3000 единици на жито во компанијата за леб, кога ќе видите дека на Министерство за Економија акаунтот има некој логирано т.е е онлине
да пишете порака да се најдеме на нашиот чет на #eMKD и да ви пуштам по 2500 - 3000 жита по цена од 0.04
Во план е отварање на чет на Министерство за Економија но засега ќе се "наоѓаме" на #eMKD

Исто така ги замолувам сите со подлабок e-џеб и повеќе слободно време да не правите залихи за 1-2 месеци туку купувајте жито за да имате за 2-3 дена најмногу. Или ако веќе имате голема залиха во никој случај не купувајте по 0.05 мкд зашто тоа е можеби најскапото жито во целиот е-свет. Ако веќе имате 25.000 жита како што забележав во некои компании, кога ќе видите понуда од 0.04 мкд, оставете оние кои имаат 1000-2000 жита да се снабдат.
Секако ова се само препораки, државата ниту може ниту има намера да му наложува на некого нешто.

Сега за цената на житото во останатите пријателски држави.
Како што знаете Русија беше окупирана и целосно уште не е ослободена а беше окупиран и богатиот со жито регион во Унгарија.
Заедно со другите порази на Феникс сојузот, предизвика цените не само на житото туку и на останатите суровини да поскапат.

Моменталната цена на житото во Србија е 0.08 српски динари. Моменталниот курс на динарот е 1 рсд = 0.018, значи едно жито = 0.00144 златници

Цената на житото во Турција е 0.06 турска валута. Курсот е 1 TRY = 0.026, значи едно жито е 0.00156 златници

Направив пресметка за Турците и Србите затоа што од таму доаѓа поголемиот дел на житото.

Цена од 0.04 мкд би значело дека тие житото би го продавале по 0.00140, што е поефтино од Србија и од Турција, но каде ја гледам можноста за такво нешто.
Во Србија има 19 страници со понуда од 0.08 динари што значи житото тешко се продава по таа цена.
Ако пуштат по 0.07 динари тоа би значело вредност од 0.00126 златници по жито, па така на оние кои имаат лиценца за Македонија повеќе им се исплаќа да го пуштат по 0.04 денари и вредност од 0.00140 златници.
Исто и за компаниите од Турција.

Така што со овие две 1DW компании и со ваша помош, т.е да го игнорирате житото од 0.05 денари освен ако не сте принудени, се надеваме дека за неколку денови или една недела житото повторно ќе биде 0.04 мкд.
И секако, ако имате помалку од 3000 жита во компанијата и ако има некој онлине на Министерство за Економија пишете да ви пуштиме по 2500 - 3000 жита.


Министерство за Економија на Македонија
мин. за економија: lazarosaMKD
заменици: Kpakep4e; Royalexe