Колумна на Претседателот на Обединета еМакедонија

Day 1,094, 07:33 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD
Од памтивек најголемите битки со кои се менувала човековата историја се воделе токму на ова парче земја.Од првиот владетел на овие простори Пердика, преку првата Охридска Архиепископија како центар на православниот свет ,се до првата република на балканот во Крушево...Во многу работи ПРВИ но никогаш доволно обединети за да одиме до крај, и сето тоа како да е контролирано од нашиот "македонски синдром". Секогаш сме чекор до остварување на нашите ИДЕАЛИ но никогаш немавме вистинска реализација. Причината треба да ја бараме во нас самите, ние самите си ги вадиме очите, а потоа чукаме на друга адреса мислејќи дека сме ги нашле виновниците за нашиот неуспех.

Кажете ми една историска личност во чија смрт се нема вмешано македонско предавство почнувајќи од Александар, завршувајќи со Делчев,Пертов,Узунов,Ченто...

Отсекогаш сум се прашувал кога ќе го победиме тој синдром, кога ние ќе станиме имуни на таквата расипничка болест?

Еве сега ја имаме можноста барем виртуелно да ја оствариме и истераме до крај идеологијата на нашите дедовци кои се бореа за подобро утре. Ако не ништо друго барем да покажеме и ние Македонците дека сме ЕДИНСТВЕНИ во нешто. Да покажеме дека иако сме млади, сепак можеме да го одбраниме НАШЕТО и барeм за момент да заборавиме на меѓусебните препукувања.

Во недела ни истекува 45дневната заштита од админите, така што од тој момент па натака ќе биде тест за нашето единство и определба. Затоа би ви препорачал добро да се спремите, преселете се во Источна Македонија, наполнете ги профилите и организациите со к5 леб и оружје спремни за одбрана на сопствената еДржава за која повеќе од година дена се боревме да ја создадеме. Немојте да дозволиме целиот труд да го изгубиме во само еден ден.
Не жалете ниту еден голд до конечната ПОБЕДА !!!

И никогаш не заборавајте дека еМакедонија е причината за која сме овде, до пред еден месец целата игра беше неинтересна, но дојде моментот кога и ние треба да се бориме за МАКЕДОНСКАТА КАУЗА ... И ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ДА ЈА ПОСТАВИМЕ МАКЕДОНИЈА НА СВЕТСКАТА МАПА .

"...НЕ СМРТ без СЛОБОДА не без МАКЕДОНИЈА та кој ми ја краде земјата и во очи ми ја фрла, кој ми го погани морето ѕвезди крвави ќе му потопам..."


Му благодарам на Претседателот на ОеМакедонија за колумната во нашиот еГласник .
Колумната е пренесена изворно .
Уредник KepenciMKD