Тактиката на Феникс за враќање на европска Русија УСПЕШНА !

Day 1,093, 13:04 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD
Во вчерашниот број на нашиот еГласник напишав дека Русија
полека се враќа и во својот европски дел,
Да, Русија веќе ослободи неколку свои региони и сеуште траат борби во други.

Како дојде до ослободувањето ?

Унгарија ја жртвуваше својата територија на 24 часа да биде целосно окупирана
од Романија и Хрватска како би се насочиле поголем дел од борбените единици
(хрватски и романски) во создавањето на т.н. Кроманија која била нивна дамнешна
цел , тоа беше искористено од воениот сојуз Феникс за одвлекување на вниманието
кон Унгарија додека траеа подготовките за Руското ослободување .
Тактиката била разработена од главниот штаб на Феникс, на тајна средба , на која бил договорен распадот на Унгарија со повисоката цел Русија. Востанието започна во Волга
и набрзо се прошири на повеќе региони кои беа под романска окупација и главнината на Феникс единиците беше насочена на овој дел додека ЕДЕН ја славеше својата победа над Унгарија , Русија полека се движеше кон слобода, и дека се течело по планот можеме да забележиме од денешната ситуација кога веќе поголем дел од Унгарија е ослободен .
Треба и да се каже дека унгарските војници и државата Унгарија од денес се многу поценет член на Феникс !

Враќањето на Руските војски во Европа и зголемувањето на бројот на своите воени единици на границите на ЕДЕН силно одекна во сите еСветски медиуми и беше на насловните страни на сите позначајни новински агенции !