Да изградиме системи за одбрана!

Day 1,090, 09:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Поздрав!

Со консултации со Министерството за Одбрана решено е да се направи компанија за системи за одбрана кои ќе ни помогнат полесно да ја браниме нашата држава, притоа со правењето на системи за одбрана директно ги стимулираме и им помагаме на сопствениците на компаниите за камен да ги прошират своите бизниси или пак побрзо да го продаваат каменот.

Инаку да напоменам за еден систем за одбрана потребно е 13.800 камен а моментално на нашиот пазар откако купивме 10080 камен во вредност од 300 денари остана само уште 5000-6000 камен по цена од 0.03 останатите понуди се малку повисоки од овие.

Но најбитно во компанијата треба да се вработат по 20 работници да не плаќаме и за тоа еве тука пишувам да се пријават сите оние што сакаат да работат во истата за што побрзо да наместиме повеќе системи за одбрана не само во Источна Македонија туку и во другите региони, поставена е моментално понуда за 3 скил со плата од 2 денари ако сакате да работите доброволни и да помогнете вработете. Нема врска што понудата е за 3 скил тоа значи дека оние и со повеќе ќе можат да се вработат и да помогнат ..

Ќе видиме како ќе оди но доколку има заинтересирани цело време ќе се вртат работниците, пример работите и добивате отказ потоа може да работите каде сакате или пак другата ден повторно да дојдете и да работите ваше е тоа што ќе направите ..

Линк до понудата за работа - http://economy.erepublik.com/en/market/job/79/0/3
* Секој ден ќе се ставаат понуди за истиот скил, и тие што имате поголем може да работите, случајно некој ако сака повеќе денови да работи влезете во фирмата и пишете приватна порака кон оваа организација да знаеме да не ви даваме отказ после работата.




Благодарност до @Eddie Rebel за новата слика на банката.