Извлечени добитниците на билети и оружје ! + Туториал за преселба

Day 1,089, 15:20 Published in North Macedonia North Macedonia by GunnerMkd



Како што реков за не помалце од 12 часа и не повеќе од 24 ќе бидат извлечени добитниците на 15 билети за преселба во Источна Македонија
Внимание билетите важат само за Источна Македонија 😃 ) ,така да ако пробувате да бегате надвор од Македонија нема да успеете 😛

Исто така извлечени се и 5 добитници на тешка артилерија од мојот голем Арсенал на оружја ,внимателно користете ги оружјата Топџии

Сакам да им честитам на сите добитници ,да им пожелам среќен пат и пријатен престој во Источна Македонија и внимавајте на камењата кои ги има во изобилие во тој регион 😁

Во извлекувањето на билетите предност им беше дадена на оние кои не се наоѓаат во Источна Македонија ,затоа што би било бесцелно да се доделат карти на некој што е веќе таму

Еве ги резултатите од извлекувањето :









Сакам да упатам апел до сите оние гастрбајтери кои се на печалба надвор од државата ,да кога ќе се враќаат назад да се преселат во Источна Македонија ,исто и сите жители на еМакедонија кои што се во можност да се преселат да го сторат тоа ,а особено оние од Повардарие

Мал Туториал за сите оние што незнаат како да се преселат во друг регион

Напомена кога се преселувате во региони внатре во државата НЕ мора да ја напуштате вашата работа или партија ,тоа важи само кога патувате надвор од државата

Кога сте на почетната страна ,кликате на вашата сликичка за да ви се отвори профилот



Потоа под вашата сликичка постои опција Location(change) ,обележано со црвено доле на сликата



Ќе ви се отвори страната каде што треба да ја изберете вашата локација ,обележано со црвено доле на сликата ,кликате таму и одбирате Eastern Macedonia и потоа кликате на Move



И тоа е тоа веќе станувате жители на Источна Македонија

За тие што не ја прочитаа мојата претходна статија ,сторете го тоа сега и погледнете колку прекрасна испадна идеата

I am and i aprove this message ! 😁