ПОДГОТОВКИ ЗА ВОЈНА + СОБИР

Day 1,086, 05:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk
За да не се жалат ни машките ни женските еве слика за двете страни




Подготвки за војна:

Наскоро почетната заштита ќе ни помине и мораме да се подготвиме за војна.Сите македонци кои имаат повисоки примања ве молам купете карти и преселете се во Источна Македонија.

Со секој жител цената на некој регион за напад се дига,ако се населиме 4000+ во Источна Македонија непријателите нема да можат да не напаѓаат секој ден поради финансиски причини и шансите за преживување на нашата еДржавичка ќе се зголемат значително.

Затоа Селете се во Источна Македонија

Собир:

За собирот се пријавија до сега 70 луѓе од кој 80% се скопјани.Исто така се знае и дека и велешани и кумановчани ќе доаѓаат али они се немаат сеуште приајвно.

За 70 луѓе да закажеме во кафана НЕМА ШАНСА.Цела кафана треба да ја резервираме а за тоа треба и голем капар.Плус кафаната беше во план зошто мислевме дека нема да се пријават ни 15 и така ќе можеше да се резервира.


Вака чим сме 70 а и сите прогнози за времето викаат дека ќе биде добро јас предлагам да идеме на Средно Водно за собирот секој нека си земе за пиење и за грицкање од дома.Па откако ќе помине собирот таму можеме да се симнеме во Скопје на по некое пиво во пубовите тие што ќе останеме или евентуално би можело во некоја од поголемите кафани како Македонска куќа во парк или кај алумина.


Ај еве и за што повеќе жени да дојдат за нив уште една слика 😃




Ако имате други предлози пишете во коментари или пратете порака