Како до нови бејби бумови и посилна Македонија

Day 1,083, 03:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Afroks

Македонија има приближно 9000 граѓани. Таква заедница многу значи од маркетиншки аспект. Ние можеме да го искористиме таквиот потенцијал со цел да ја зајакнеме нашата држава и да привлечеме повеќе бејби бумови.

Идејата е да се оформи група од неколку поискусни членови кои би се заангажирале во реалниот живот и би оствариле контакти со повеќе компании од Македонија со цел да се обезбеди нивна поддржка во вид на спонзорства. Мислам дека многу од нив би биле заинтересирани, зошто би се работело за незначителна сума, а се нуди потенцијална маркетинг таргет група од 10 000++ луѓе. Би се испраќале маилови, писма и би се остварувале најразлични контакти со цел да се бара подржка за нашата заедница. Сите сме сведоци што направи подржката од телевизија Сител.

Би се отворил фонд од каде би се менаџирале собраните средства. Со нив би се организирале настани, собиранки и најразлични акции за “регрутација“ на нови членови под покровителство на спонзорите што секако би им одговарало и нив. Може да се направат маички, беџови и најразличен рекламен материјал (пенкала запалки). Да се печатат брошури и туторијали. Тоа би привлекло многу нови членови. Дури би можело и да се купува злато за зајакнување на организациите како Црвен Крст за доделување на бесплатно оружје и храна.
Сето ова би можело да се реализира со мала заангажираност.

Порано играв Ogame. Незнам дали повеќето од вас слушнале за таа игра. Имав огромна флота со бродови, и една алијанса од Холандија ме покани да станам нивни член. Беа само 35 играчи но функционираа на сличен начин. Бараа спонзорства и за возврат нудеа маркетиншки бенефит во облик на масовно спамирање по форуми, организираа настани. За нецел месец станаа најјаки во играта. Не бев на ниеден нивни настан зошто не можев да одам до Холандија, но бев присутен на повеќето од нивните онлајн дискусии. Дури и имаше неделни репорти кои ги испраќаа на емаил со статус на сила, и цело време се пратеше состојбата на алијансата.

Оваа идеја ја имам подолго време. Ако се сфати озбилно може да вроди бенефит. Тука сум да се вклучам колку што можам ако некој го сфати ова озбилно.