Будење

Day 1,082, 18:00 Published in North Macedonia North Macedonia by ARI UNIMATRIX 001

UNIMATRIX 0, e група борги кои застанаа против колективот со цел да се вратат во РЖ



Забележав дека идејата на креторите на овој колектив е да се асимилираат што повеќе жртви кои на доброволен начин ќе го отфрлат реалниот живот и ќе бидат нешто повеќе во овој виртуелен. Основната поента на админите е да заработат пари па затоа се направени последниве изнмени во играва кои одат во корист на тие што трошат евра за злато.



Нивната пристрасност е повеќе од очигледна, а како последен доказ е и бришењето на статиите по весниците на некои наши играчи кои почнаа да пропагираат национално единство. Можете да претпоставите кој платил доволно да се избришат.

Поентата на текстовите што ќе ги пишувам ќе биде пишманење од играва и враќање во реалните животи и таму покренување вистински акции за Македонија. еМакедонија и да не постои, ништо посебно нема да смени во нашите реални животи, а и честа не се брани тука каде што бог е некој админ кој е финансиран од соседите.



Знам дека поинтересно е да си прв во село отколку последен во град. Поинтересно е да си пратеник или претседател во еСветот отколку средношколец во РЖ. Поинтересно е да си бизнисмен во еСветот отколку чистач во РЖ. Поинтересно е да си уредник на весник во еСветот отколку алкохоличар пред коперација во РЖ. Но тоа не е повод да ја игнорираме реалноста и да ги полниме џебовите на тие што не ни мислат ни најмалку добро, да ги полниме нашите мозоци со фрустрации и омраза, да ги полниме нашите срца со лажна еНадеж.



Ова ќе трае и ќе заврши, но нашата реалност продолжува. Не можеме да бегаме од неа.
Во реалноста се знаат правилата на игра и никој не ги менува секој 15 дена.
Реалноста е посурова, но е првото и последното во кое вистински живееме, а часовникот отчукува. Нема мулти профили, нема враќање назад, нема vote + subs, нема куќа за 30 денари. Има сметки за струја, вода, парно, пари за школување, за деца, за фамилија. Нема окупации на територии преку ноќ и од забава, има агонија, плачење, вистинска загуба.

Но најважно од се во реалноста има и вистинска среќа, љубов, искреност, радост... а не некоја виртуелна сатисфакција.

Размислете, погледнете настрана од мониторот, соочете се со РЖ....