Чудна одлука за данок...

Day 1,078, 03:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Ги разгледував нешто нашите даночни ставки и налетав на нешто релативно нејасно. Погледнете ги даноците за железо, нашиот втор стратешки ресурс, после каменот. 25% приходен данок. 1% данок на увоз (нешто како царина)... Не можам да видам што го натерало конгресот да изгласа уништување на нашите фирми, односно полнење на ќесенцата на други држави со тоа што овозможило увозното железо да биде поевтино од домашното, односно, оној кој решил да отвори компанија за железо во Македнија, ќе мора да има 25% поскапо железо од железото од увоз... Додуша не познавам некој што има фирма за железо, но гледам дека постојат... Ќе ја објасни ли Власта оваа економска постапка?