Туториал за маркетот

Day 1,076, 04:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Jovan74
Ова е мојот прв пост во овој весник и се надевам дека ќе ви се допадне. Се работи за туториал за маркетот, за што служат производите на него. Ова би можело да им помогне на многу од новите играчи Ви ве замолил Глас (Vote) + Претплата (subscribe).

Food (Храна)


Храната служи за да си ја надополните силата. Силата се губи со тренирање, работење и тепање па затоа препорачниво е да се купува храна секој ден.



Moving Tickets (Билети за патување)


Билетите за патување служат за одење во друга земја. Треба да ги купувате во зависност од тоа колку е оддалечена посакувата дестинација. Оддалеченоста може да ја дознаете во Profile > Change (веднаш под профил сликата) > изберете локација а подоле ќе ви ја покаже оддалеченоста (moving distance).



Tank (Тенк) && Air unit (Воздушни сили) && Rifle(Пушка) && Artillery (Артилерија)



Сите овие оружја се слични на себе. Се користат во војните и за сите нив имате посебен „скил“. Доколку не разбирате на што мислам, еве слика од скиловите:




House (Куќа)


Куќите се купуваат за да добиете додатно здравје (Health).



Deffense System (Одбрамбен Систем)


Одбрамбените системи се потребни во одредени региони за да им даваат одбрамбен бонус на играчите. Да напоменам дека за да се порача вакво нешто мора да се има одобрение од конгресот и претседателот. Нашиот маркет сеуште нема вакво нешто и се надевам дека брзо ќе има затоа што ќе ни биде потребно во војните.



Hospital (Болница)


Болниците се користени за да се покачи здравјето (health) на војниците во битките. Болниците не се за тие што не се борат.



Stone (Камен) && Oil (Нафта) && Grain (Жито) && Titanium (Титаниум) && Iron (Железо)


Ова се материјали исто така слични по себе. Со каменот се градат куќи, болници и одбрамбени системи. Нафтата е потребна за картите за патување односно за превозните средства со кои патувате. Житото е најпотребното нешто во еСветот, служни за „месење“ леб. Титаниумот се користи за производство на артилерија и воздушни сили, а металот е за производство на пушки и тенкови.



Се надевам дека помогнав со овој туториал, и не заборавајте Глас (Vote) + Претплата (subscribe).

Поздрав, Jovan.74...