МАЛ ДРЖАВОТВОРЕН КУРС

Day 1,071, 08:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk

Гледам прв ден па конгресмените одма почнувале со докажување.

МакедонецМКД и Кикац први почнаа секој соодветно со свој бисер.Додека на Кикац барем импорт законот му беше погоден МакедонецМКД поднесе најлош закон што мислам дека можеше да биде поднесен:

http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/56787

http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/56784

Сега ќе дадам и мало мое гледиште на економската ситуација во Македонија.


Проблеми:

1.Увезуваме се железо,титаниум,нафта и жито.Железото,титаниумот и житото се посебно потребни за оружје и храна.Али проблемот e што со секој увезена единица од овие ресурси во Македонија се вадат пари од македонија и се даваат на странци независно дали сопствениците на тие компании во странство се Македонци зошто сепак работниците кои ќе работат ќе бидат странци.

2.Каменот нашиот ресурс во моментов нема ни цена ни е па многу искористен во странските земји.Во секој случај во нашиот сојуз ривали за извоз на овој ресурс ни се и Франција(чии компании имаат Унгарски лиценци),Србите кои имаат свој регион со камен и бразилците кои поради нивните "бебиња" извезуваат за ефтини пари.


Решенија:

1.Проблемот со увоз на железо,титаниум и нафта може да се реши до голема мера со имање на добро организирана војска.Нашата војска би отворила компании за железо,нафта и титаниум во региони на земји кои се под ТО на наши сојузници и во иднина би можеле да ги земем или во региони на сојузници кои во иднина можеби би ни го изнајмиле регионот.
Во компаниите би работеле единици од нашата војска кои би се преселиле таму а со тие земји би имале ние МПП за војниците да може да се борат.

2.Проблемот со житото е сепак малце поголем дека храната се користи секојдневно за враќање на велнес/енергија а и за борење.

За ова има едно решение но за тоа ние би морале да добиеме малце државотворен дух(за разлика од РЛ) и купуваме македонски производи,поточно КУЌИ.

Куќите секој дневно даваат велнес и траат одреден број денови.Со поскапите куќи(5-6 голд)
Секој ден не само што би ви се вратила енергијата од работа,тренинг и секојдневното губење на 4 велнес исто така би можеле да се БОРИТЕ 9 ПАТИ НА ДЕН.

Затоа ова е мојот предлог до вас:

Во следните денови НБМ(народната банка на македонија) ќе го оформи курсот и ќе почне со продажба на денари за голд.Чим фатите 15 левел сменете 1-5 голд што сте ги добиле од мапи до 15 левел и купете си куќа која по вас е најповолна.
Со менување на голд за денари од НБМ.Државата ќе добие пари.Додека со купување на куќи од МАКЕДОНСКИ ФИРМИ ќе се развие економијата во овој сектор.Платите ќе пораснат поради константната побарувачка а цените на куќите со време и ќе се намалат поради конкуренција.

Храната би требала да биде користена за тепање само во битки со огромна важност каде ќе биде навистина потребно.и таа храна би можела да биде сепак од армиски резерви.
И секако ефтина Q1 храна(2 велнес) за новите играчи која би била секако оставена на приватниот сектор затоа што изливот на пари не би бил преголем.



Исто така видов и во еден весник дека се планирани државни субвенции како за македонски така и за странски инвеститори од по 200 денари по компанија(4-5 голд) подржано од тврдењето дека македонците барале само кредити а не субвенции.

Ова не е точно јас на јавниот чат и на ИРЦ многу пати бев прашан од нови а и од стари играчи кои се вратиле да играат каде и што компанија да отворат.Подобар е еден македонски сопственик на компанија отколку 2ца странци зошто македонецот ќе вложи во Македонија а странецот во својата земја профитот ќе го однесе.

Затоа би препорачал да вечерва на состанокот на конгресмени да се одлучи даноците за камен и куќи да бидат на 1% освен импорт овој месец.За да можеме да ја развиеме добро оваа индустрија а од следниот месец и државата да почне да зима добри пари од данок секој ден.

Толку од мене кој прочита до крај браво и ПОЗДРАВ