Територии и истории

Day 1,071, 06:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

1. Територии...

Најголем дел од територијата на етничка Македонија, во античкото минато ја покривале Македонија и Пеонија. После Филип II, Пеонија територијално и културно постанува дел од Македонија, исто како и грчките градови-држави.

Најголем дел од територијата на денешно Косово во антиката ја покрива Дарданија. Непосредно над Македонија, а под „Горна Мизија“ се наоѓа Дарданија. За некои хроничари позната е и како Дакија (или неретко, Дарданија е дел од поголемата област - Дакија).

Поголем дел од територијата на денешна Албанија се наоѓа во тогашна Илирија, но, интересно е дека денешна Албанија, речиси напола е пресечена од тогашен Епир.

Бугарија во античкиот период е поделена на две поголеми целини (слично како Албанија), од кои поголемиот дел е Тракија (појужниот), а помалиот (посеверниот) е „Долна Мизија“.

Денешната Грција е во поголем дел прекриена со античките хеленски полиси, а помалиот дел е Македонија.

Тоа се фактите, и верувам дека нема кој и нема зошто да ги оспорува, освен ако смета дека сум згрешил.

2. Истории...

Со исклучок на Бугарската историја која е смешна (единствени кои во својата историја останале континуирани, а смениле раса, од жолти во бели), па според тоа не е за дискусија, сите други истории велат дека се потомци на овие антички племиња.

Албанците во својата историја докажуваат, зависно од дневната политика, дека се Антички - Епирјани, Илири, Дарданци или Македонци, зависно од делот на денешната територија кој треба да се декларира како „вековно албанска територија“, на која треба да се „протераат окупаторите“ и да се „барат права“. Од пред месец дена - тие се Дарданци. Во иднина, се очекува да бидат старо тектонско племе кое во Швајцарија било од пред 11.000 години. Нејсе. Тие си го тераат своето, како што увиделе дека им успева. На светот нивните тврдења ќе му постанат смешни кога ќе кажат дека се „старо кинеско племе, од околината на Пекинг“.

Грците во својата историја докажуваат дека се 100% хелени, ама под услов, светот да ја купи приказната дека и варваското племе - Македонци, кои имале различен јазик, култура, обичаи, каледнар и слично, се истотака - хелени! И едните и другите чисти хелени - до бесвест, баш како овие денес.

Србите „су прича за себе“. Нивното лудило е количински ограничено, затоа што тие тврдат дека немаат врска со Мизите, што е невозможно, затоа што немало толку луди Мизи кои умреле, за инает на сите Словени што дошле. Сепак, чат пат, понекое лудо србинче, ќе забега во теорија дека „прво су били Срби, онда диносауруси, ал’ ови други нису преживели зиму“.

Најлуди од сите се некои Македонци (на пример Дедо Ќиро од Григорови). Стариов излезе пред некој ден, и најкултурно рече - Ние сме словени!! Веќе знаете, она со цевките под Дунав... ама тоа не е чудно. Чудно е однесувањето на словените кога дошче на балканот...

Вака некако: Иде еден словен, нешто како попишувач. Прашува најкултурно: „Вие овде, што сте?“. Првото семејство, во Епир, одговара - Епирјани. ОК... овде не се населуваме вели словенот, овде е предвидено според Албанската историја, да е „Вечито албанска територија“, ајде на друго место. Одат во Илирија - пак исто, само семејството одговара - Илири! Словените и тука викаат - „Ништо. Remove...“. Одат во Грција. „Охи. Овде е за словени тотално забрането. Ние мораме да ја зачуваме чистата хеленска крв“. Така, словените идат во Македонија. Викаат - „Вие тука, што сте?“ овие одговараат „Македонци“... „Оп, стоп, вие сте тие“ - вели словенов, и продолжува „Ќе ве молам, најкултурно, овој дел од Македонија е предвиден за нас, Словените.“. Македонецов, не е некултурен како грците, илирите и епирјаните, па вели „Ох, се извинуваме, веднаш можете вие со вашето племе да се доселите тука, ние ќе одиме во Грција“. Така, во Македонија се населиле словени, но словените не се населиле во Албанија или Грција. Тие најкултурно си прашале - „кого треба овде да замениме?“, а Макеодонците, културни луѓе со манири, веднаш си заминале и им оставиле бланко територија.

До следната статија, искрен поздрав
Методиус Магнус