МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Day 1,070, 12:02 Published in North Macedonia North Macedonia by NIKOLA STRUGA

Почитувани,

Нов играч сум и ова е мојата прва статија. Весников ќе биде посветен на македонската историја, од праисторијата до денес.
Не може да се спознаеме себе си пред да ги спознаеме нашите предци, нашите традиции и верувања, не пред да го спознаеме она што не прави Македонци.

Првиов текст ќе биде посветен на мисли искажани од револуционерите кои го дале својот живот за Македонија.

Но, пред тоа би сакал да се осврнам на еден цитат кој им е познат на сите Македонци, но можеби историјата поврзана со него не им е толку позната.
Сите го знаеме цитатот “Македонија на Македонците”, но малкумина од нас знаат дека тоа го кажал Вилијам Гледстон, човекот кој бил четири пати премиер на Велика Британија, повеќе пати од кој било друг. Вилијам Гледстон го кажал на 19 јануари 1897 во тврдината Хаверден, Честер, а подоцна на 6 февруари 1897 било објавено во The Times. Во продолжение е цитат на македонски и англиски јазик:

“Безнадежноста на турската управа ќе ме натера да станам со задоволство сведок на нејзиното истерување од земјите што ги потчинила: и тоа без да се знаат изворите што се готови да го поддржат бунтот. Јас лично не се осмелувам да преземам на себе одговорност за каква било негова поддршка. Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојните држави за присвојување на туѓи територии.
А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?”

The hopelessness of the Turkish Government should make me witness with delight its being swept out of the countries which it tortures. Next to the Ottoman Government nothing can be more deplorable and blameworthy than jealousies between Greek and Slav and plans by the States already existing for appropriating other territory. Why not Macedonia for the Macedonians as well as Bulgaria for the Bulgarians and Serbia for the Serbians?

Ова е само мал доказ и поткрепа дека Македонија е на страната на вистината и правдата и треба да истрае во својата борба како што истраиле и нашите предци.
Од мислите на нашите предци треба да ја црпиме силата, мудроста и љубовта кон татковината.

Револуционерни мисли:

“Да живееш значи да се бориш - поробениот за слобода, а слободниот за совршенство"! Јане Сандански


Македонија била и си останува култ на македонскиот народ, на неговата религија, род, јазик, на реликвиите на нејзините дедовци и прадедовци - Христо Татарчев

,,Доколку не постоеше Македонија требаше да ја измислат Европските сили, за мир на Балканот.,, Петар Поп Арсов

“Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија“. Гоце Делчев


“Од душмански куршум не се плашам, но се плашам од предавнички збор, особено кога тој доаѓа од човек на родот мој” - Митре Панџаров - Влаот

,,Маките на татковината се поголеми од сите страдања на секоја наша мајка.И јас ,без ни најмалку да те навредам,се чувствувам повеќе син на втората моја мајка-Македонија,отколку на тебе што си ме родила.Те молам-во името,пак,на моите свети чувства кон тебе-да не жалиш ни да плачеш за мене.Најзадоволен ќе се чуствувам,ако ти со своето држење бидеш пример на другите мајки и сопруги,,
(од писмото до мајка му,испратено од битолскиот затвор) - Христо Узунов

“Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека една педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, па не ја даваме на друг, туку наша ќе биде”- Јордан пиперката

Македонија на Македонците!!!