За добредојде...

Day 1,068, 11:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани браќа и сестри,
денес започнуваме со издавање на првиот број на Македонски Гласник.
Нашиот и ваш гласник ќе биде местото каде што ќе ги дознавате сите најнови случувања во еМакедонија.
Ќе се занимаваме со политика, бизнис, маркетинг и анализи на сите општествени, политички и економски случувања.
Секако, нашата главна цел е да ја подржиме еМакедонија во своите напори да стане силна, моќна и влијателна држава.
Ќе ја следиме Македонија во сите свои патеки.
Но, ќе бидеме и реален и сериозен критичар на сите оние кои ќе си го земат правото на сметка на сопствената држава да прават лична корист.