Извештај од првата еРепублик собиранка [+слики]

Day 1,064, 13:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Повторно јас...xD

Едно кратко известување на почетокот...Во мојата претходна статија започнав акција за донирање на бесплатен леб на новите еМакедонци која се покажа доста успешна...

Досега се поделени над 1600 парчиња леб со вкупна вредност од над 3200 wellness 🙂

Акцијата ќе продолжи се додека не се подели леб на сите оние кои оставиле коментар...Само ве замолувам да не се пријавувате по два пати, и да не ми праќате пораки бидејќи само ми го помешувате редот

Толку за тоа...сега да преминам на главното...

Да, токму така како што прочитавте во насловот...Се случи првиот собир на играчи на еРепублик од Македонија

* Место на злосторот 😃 ---> London Pub,лоциран на плоштадот Македонија, Скопје, Македонија

* Судната дата беше...Сабота 16-ти Октомври 2010-то Лето Господово

* Присутни...малкумина ама доволно да го скршиме мразот 🙂

---> Според мое мислење првиот собир помина успешно, дружење, шеги, нормално муабети околу еРеп и секако неизбежното СКОПСКО xD

За сите што не бевте, да знаете дека пропуштивте една убава вечер за дружење...еве ви една слика од злосторниците xD



Од лево кон десно... Aspadora; lolACitizenMKD; Demigod_mk; thedragon; KruserMK; ZdravkoT; Ivan Vancho Makedonski; MakedonecMKD

* Големо браво за thedragon кој дојде со автобус од Тетово 🙂
* Специјален поздрав до Drashhh_III_Makedonski кој се јави од Италија да не слушне о/

Толку од мене, се надевам дека оваа прва средба ќе ве охрабри да се појавите на наредната 🙂 особено ова мислам на еМакедонките 😛

Ваш, Иван Ванчо Македонски
МнМ о/