Известување: Регрутација во Британската војска

Day 812, 14:11 Published in Serbia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski
Здраво живо почитувани еМакедонци.

Значи после распаѓањето на Македонската Фаланга во еРусија и сеуште нејасната ситуација со Фалангата во еТурција имам една понуда за вас.

Се работи за регрутирање во Британските воени единици коишто имаат потреба од нови членови во нивните воени органи.
Британската воена структура се состои од 3 вида на структури:

Првата структура е Royal Navy (Кралска Флота)

* Што е потребно за да станеш дел од Royal Navy (Кралска Флота)?

- Основно е да се има британско државјанство.
- Дневна активност
- Нема дефинирано одредена сила (Strength) за влез во единицата.


- Потоа потребно е да се регистрирате на официјалниот форум на еВелика Британија
- Потоа следете го овој линк и аплицирајте за војската. Откако ќе аплицирате ќе добиете инструкции за што понатаму да правите откако вашата апликација ќе биде обработена.

За да го гледате вашиот моментален статус дали сте примени или не и во која единица сте а исто така и наредбите следете го секогаш Hub-от

Потоа во играта ќе ви стигне Приватна Порака за тоа дали сте примени или не. Откако ќе ви стигне пораката прво сте во Тренинг Единица која што многу брзо можете да ја совладате доколку го прочитате Traning Туториалот што го има во Hub-от .
Откако ќе го поминате Тренинг Туторијалот ќе добиете приватна порака на кој брод сте и кој е вашиот командант и можате да ги следите наредбите.
Главен и одговорен за Кралската Флота е Nice Guy Eddie.

** Што и како треба да прават војниците во Кралската Флота?

Прво работите во фирми кои се специјални за Кралската Флота (доколку има слободно место). Потоа треба да го посетувате Hub-от за да бидете известени за најновите вести и наредби. Исто така за битките (не секојдневно) добивате ку1 оружја и екстра оружја доколку сте на ИРЦ и правите организиран напад.

Втората структура е Royal Marines (Кралски Маринци)

* Што е потребно за да станеш дел од Royal Marines (Кралски Маринци)?

- Основно е да се има британско државјанство.
- Дневна активност + IRC Активност (дневна)
- Да се има +10 сила (Strength)



Постапката е иста како и за Кралската Флота, само што треба да го известите главниот и одговорен на Кралските Маринви, Tom Morgan преку IRC или преку приватна порака во играта.

** Што и како треба да прават војниците во Кралските Маринци?

Исто така работат во државни фирми кои се специјално за нив наменети. Треба редовно да се на IRC каналот и да го посетуваат Hub-от .
За битките маринците добиваат ку1 и ку3 оружја а доколку сте на IRC добивате екстра оружја.

Третата структура е Paratroopers или на нашки SAS 🙂

* Што е потребно за да станеш дел од Paratroopers (SAS)?

- Основно е да се има британско државјанство.
- Дневна активност + IRC Активност (дневна)
- Да се има +14 сила (Strength)


Постапката е иста и овде за нејзино зачленување. Само што треба да го контактирате AltmerVampire кој што е главен и одговорен за оваа структура преку IRC или Приватна Порака или пак Министерот за Одбрана на еВелика Британија, Polio.

** Што и како треба да прават војниците во Кралските Маринци?

Исто така работат во државни фирми кои се специјално за нив наменети. Треба редовно да се на IRC каналот и да го посетуваат Hub-от .
За битките сасовците добиваат ку1 и ку3 и ку 5 (во зависност од значењето на битката ) оружја а доколку сте на IRC добивате екстра оружја.


Оваа е се за понудите што ги нуди еВелика Британија.
Јас сум дел од маринците а како што гледам Macedonian_Lion и Nikola Sokolov2 се дел од паравоената структура (сасовци).

Епа македонци одлучете вие што сакате да правите со вашето човече мое беше да ве информирам.
За повеќе информации прашете ме преку ПП или пак прашете ги самите одговорни на горе наведените структури а има и на форумот на еВелика Британија.



Со среќа!

Да живее Македонија!

Regards,
Drashhh