[Бр.1] Економијата на Македонија

Day 1,288, 12:14 Published in North Macedonia North Macedonia by MakalNo1

Почитувани читатели, ЗДРАВО и ЖИВО.

Вие го читате првиот број на мојот весник.

Уште од почеток си кажувам дека нема да се служам со добро познатите акции на „купување“ на вашата претплата со леб, оружје, пари итн инт.
Ќе гледам со труд и добри статии да ви ставам на располагање што повеќе информации кои претежно ќе бидам поврзани со економијата.


Како за почеток ќе се позанимаваме со статистичките податоци за Македонија на ден 30.05.2011 или ден 1287 од новиот свет.



Од сликата може да се забележи дека минималната плата кај нас е 1,5 MKD а просечната е 43,59 MKD или 0,17 злато.

Бруто домашниот производ е 474905.88 злато или 123.475.528,8 MKD, а просечно 15.830,20 злато или 4.115.852 МKD.

Извозот е на завидно ниво и со 20.212,76 злато или 5.255.317,6 МKD можеме слободно да речеме дека имаме СОЛИДЕН прилив на злато во македонската економија. Просечно, секој ден од минатиот месец се извезувале производи во вредност од 673,76 злато или 175.177,6 MKD.

Изминатиот месец во нашата држава увезени се производи во вредност од 482,53 злато или 125.457,8 MKD. Дневно се увезувале производи во вредност од 16,08 злато или само 4.180,8 MKD

Доколку се направи споредба на бројките за увозот и извозот ќе се заклучи дека Македонија има поголем извоз од увоз за ЦЕЛИ 42 пати.

Токму поради тоа им честитам на Струме и целиот тим од Министерството за Економија за успешната работа и добрата насока во која ја водат македонската економија.

E сега малку да се позанимаваме со македонската каса (даноците).



Податоците кои се прикажани на сликата за Данок на доход (Income Tax) не се веродостојни и поради тоа ќе го прескокнеме тој дел 🙂 .

Од данокот за увоз (Import Tax), минатиот месец во државната каса се влеале 26.468,31 МКD или просечно по 882,28 МKD

Податоците за популарното ДДВ или VAT исто така не се веродостојни и реални и поради тоа и нив нема да ги анализирам.



Се надевам дека не ви здосади и дека успеавте да стигнете до крај и да стекнете слика за состојбата на нашата економија и за тоа колку МКД се вртат секојдневно 🙂

Поздрав и се читаме во наредниот број.