[Remix]30-ти март/На денешен ден

Day 1,592, 01:53 Published in North Macedonia Armenia by GokaGrozni
Day 860, Mar 30, 16:41 of the New World / Day 1592, Mar 30, 02:09 of the New World

На денешен ден, пред точно две години, на седум месечна возраст GokaGrozni го издаде својот весник GG Blah и во него како прв новинарски обид ја продуцира оваа статија.Името на весникот е инспирирано од насловот на албумот на Iggy Pop, посебно од песната која е носечка на тој (Blah Blah Blah ) LP, нешто као бла-бла-тресење на празна слама.Недоволно упатен во еПравилникот, несакајки ризикував да добијам казнени поени и да ми биде избришана првата статијата, меѓутоа тоа не се случи, напротив малку подоцна се случи и 2-ра блесава статија.Подоцна бев очевидец како такви слични грешки беа санкционирани.Од сетто тоа, како немо сведоштво останува еден ( од двата ) коментара, на тогаш најјакиот македонски играч lazarosaMKD и првите две предплати lazarosaMKD + thedragon.

Желбата за првиот MediaMogul медал уште од самиот почеток беше присутна, но реално не беше остварлива, бидејки во тој момент на играва присуствуваа едвај 200-300 македонски играчи, кои воглавном беа стационирани во 2-3 еДржави.Тоа се случи дури многу подоцна, со помош ММ акциите кои беа иницирани од играчите на таа генерација.Така да еден убав ( и сончев ) eDay со помош на пријателот Eddie Rebel и неговата кампања се закитив со медалче.Тука вреди да се спомне и фактот дека таквите медали тогаш се добиваа без никакви *наградни игри со 2-3 услови* едноставно се разменуваа предплати, за што и форумот кој во тоа време беше доста посетуван ни беше од голема корист.

Подоцна овој весник издаваше статии кои на периоди опфаќаа различни области
-почетнички глупости
-иницирање на 1-от попис ( пред еМКД период )
-совети до еБебињата со ЈуТјуб туторијали
-анализи како заменик министер ( на првото ) министерство за здравство, поголем дел статиите од мене како автор се издавани и од весникот на министерството ( види тука, тука, тука и тука )
-разни колумни и мои видувања на актуелните состојби
-интервјуа
-амбасадорски статии од еСловенија
Сега за сега, после едно поголемо мирување, весников ке има ( започнувајки од оваа статија ) една носталгична нишка, да се подсетиме на едно минато време, за кое ( јас велам ) беше ако не подобро, тогаш сигурно посложно време.

Оваа прилика ја користам да ги поздравам горе спомнатите играчи, да им заблагодарам за нивната добрина и да дадам апел до сите играчи што во моментот се присутни на играва.Еден убав ( и сончев ) eDay и вие ке станете носител на една таква медала, нема потреба од замарање и спам по шаути, упатување на порака адресирана до еден куп на луѓе, наградни игри ( од типот, услов : прифати ме за пријател+испрати шаут+vote+sub ) и делење на тенкови и храна.Сетто тоа ги одвратува потенцијалните субскрајбери.Наместо тоа, пишувајте квалитетни статии.



PS.30-ти Март 1973.
- Последниот контингент американски војници го напушти јужниот дел на Виетнам. Во виетнамската војна загинаа повеќе од 58.000 американски војници. Марионетскиот сајгонски режим е урнат во 1975 година, по што се обединија Северен и Јужен Виетнам.