[PhoenixMK] [re] БИСЕРЧИЊА од македонските играчи Фтор дел - насмејте се

Day 1,209, 10:08 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Поради багосаниот сервер и незнам ти што на eРепов, ја реобјавувам статијава. Вчера ја избришав поради тоа што многумина ми се жалеа дека неможат да коментират и денеска гледам loop... пак се појавила на виделина денес 😃 Веќе сигурно сте ги испрочитале но еве пак прочитајте си ги 😃

Здраво народе македонски,

Бисерчињата од македонските играчи станаа хит меѓу нас. Нивниот првичен број односно збирот на бисерчиња кои требаше да ги објавам во претходниот артикал беше многу поголем но ги селектирав само оние кои се издвојуваат останатите некако не ми “штимеа” (не ми влегоа во око). Иако на почетокот се плашев од негативна реакција сепак се решив да ја објавам и го постигнав токму спротивното. Барем ја заборавивме политиката на кратко.

Ви Благодарам за сите пофалби, пораки и покани за пријателства кои во изминативе денови пристигнаа во значително голем број.

Во овој артикал Vol. II ги објавувам поновите бисерчиња кои ги “собрав” од македонски играчи (како џоа Марко Цепенков) преку пораките кои ми беа испратени на мојот профил и Министерството за образование па и нешто од чет каналите и коментари. Редоследот е малку повеќе испомешан бидејки ги собирав од разни места, некои веднаш некои доцна откако ги “открив” а и мрза ми е а и немам време да ги распоредувам по области но сигурен сум дека нема да замерите да ги читате и по ваков редослед.

Ова се бисерчиња од периодот кога бев министер за образование во владата на Струмјанин (претходниот мандат 😛). Како и претходно, така и овде нема да објавувам имиња и ќе ги цензурирам навредливите зборови. Некаде во бисерчињата се споменуваат имиња а ако ги избришам тие ќе ја загубат суштината. Како и претходниот пат, истите ги напишав на кирилица за да изгледаат подобро и секако почитливо. Некои ќе се пронајдат тоа е сигурно 😃

Многумина мислат дека работата на министерството за образование е далеку полеснa од онаа на останатите министерства но верувајте ми, не е лесно да сте министер за образование. Работата не е само пишување статии туку потребни ви се малку посилни нервички 😃 и неуморни прсти 😛 за да одговарате на секакви прашања... ќе видите зошто.

Подгответе си пуканките и уживајте!

_______________________________________________________________________________________

Х – лице бр.1 (главната фаца де)
Y(1,2...) – друго лице

Х: Здраво. Нов сум на играва и незнам што да правам. Го прочитав упатството за нови играчи. Зошто во одредени моменти не нарекувате “бебиња”? Започнуваме да играме како бебиња и растеме постепено или како? Ве молам одговорете ми!

Х: Со еден колега заедно започнавме да играме пред месец и пол. Како може тој да има 4 фирми (тоа е 80 злато) а јас едвај една? Знаете како? ТОЈ МАМИ! Ете си кажав, тешко ми е! Се осеќам како пропадната инвестиција. Не е фер! Кажете како да правам повеќе злато?

Х: Ти си министер за образование ама мене ми е гајле. Не сум дојден овде да учам, малку ми е онаа мизерната школа у сред центар ќе повтарам година заради играва! Прекинете да пишете образовни артикли у пм многу сте досадни оваа влада!

Х: Срцка, ај кажи ми како да поставам слика во весник? Појма немам како се прави ова со весников. П.с. не сум плавуша. Mwah и фала

Х: Се формира нова паравоена единица – БОЈЛЕРИ! Секој ден ќе имате тренирање со Наполеон и бесплатен бојлер со топла вода за туширање. Не го заборавајте го нашето мото: „Ако не Ве заебе греачот, нема кој!“

Х: Дај ми леб бре, личи ова на нешто! Црвен Крст не ми дава ми па и тоа здравството да му се мочам а ако не ми дадете и вие ќе видите сите! ЗЛОПАМТИЛО СУМ! ПАЗИ СЕ ОД МЕНЕ! Дај леб сега! Ај чао!

Х: Освен леб, што друго може да се произведува во пекара?

Х: Колку чини еден барел нафта? И зошто не можам да отворам фирма за нафта?

Х: Што да направам за да не ми излегува постојано кокошка без глава? И зошто нема глава?

Х: Кој е главен на каналов?
Y: овие со знаците
Х: ме банираа од емкд, кажете им да ме одбанираат
Y: овој канал е за нови играчи, најди други
Х: и од вас нема фајде идиоти! Не служите за ништо
Y1: дечко не се нервирај, и не навредувај за да не те банираме и од тука
Х: ај не сери
Y2: кој е забеганиов?
Y1: некое бебе заталкало изгледа
Х: јас држам бебе во раце веќе две години, вие изгледа уште не сте го бркнале таму кај што треба или не треба

Х: Помош!!!!!!!
Y: кажи
Х: како да се преселам? Не сакам да сум во Индија, досадноооо 😒
Y: а што мајка бараш таму?
Х: па ја обожавам Бандини и затоа сум таму, сакав да сум Индијанка (не Индијка 😃) но не повеќе, глупо ми многу никој не знае енглески.

0Х: ми смрдиш на убаво девојче, ај дај фб можеби ќе ми се допаднеш и ќе никне љубов
Y: ти дечко добар си???
Х: мило ми е што прашуваш, го држам под контрола минимум 20 минути

Х: Имам прашање. Пред малку ставив на монетарниот пазар злато и незнам каде отиде и многу малку пари имам незнам зошто. Да не е некој баг? Кажи ми како да го најдам и да го вратам назад а на тој што ми го купи ќе му ги вратам парите.

Х: не ме плукајте многу бидејки ако плукнам јас има со подморници да ве бараат.

Х: Дрпа, дрпа, дрпаш... колку само духовито. Каде се парите Дрпоооо???

Х: Лоповиии. Уапсете ги ситеее. Уааааа. Бандо лоповска, комунистичка.Сите вас ке ве доведам во ред. Ќе бидете истребени и ќе никне ново сонце на слободата во Македонија.

Х: Преку к** од спам весниците! Сакаш нејќиш мораш да ги гледаш незнам како да ги одбегнам
У: па зошто едноставно не го кликнеш копчето “block” на нивните весници и нема да ти се појавуваат
Х: фала ејј, ми спаси драгоцени минути со советов!
....
Х: абе, а кај е блок копчето?

Х: Како да направам статија со фонтови, бои и различни големини на буквите како кај ворд што е?

Х: Се ослободивме конечно од Бугарите, алелуја имало Господ! Струмјанин е Господ!

Х: Штрудлата сакам да ја јадам со кекс и банана. Со јаболка не ми е слатка.

Х: Што ќе се случи ако купите Штрудла од Бугарија? Ќе добиете пролив!

Х: ПоДкрепета со Штрудл алијанса ака топли брача Срби је**** Бугаре а Струмјанин си пафка пура и снима со камера!

Х: Какво давање територии како гаранција на Бугарија мрмници едни, враќајте ја МК или нема да ве гласам понатаму!

Х: Кик Ес Мадафакр рулз! Бугари пазете се, го имаме македонскиот Ехохоритис само малку слабичок но ако продолжи да јади со вакво темпо ептен мадафакр ќе стани.

Х: Кик Ес Мадафакр навистина тепа по газот. Ме здоболи анусот кога видов колку злато истрошил а јас 22 лвл немам ни за бустер.

Х: Слобода за народот! Ние сакаме демократија! Доста беше комунизам!
Y: Комунизам – тоа е добро!

Х: Брат помогни ми, ми ги избришаа акаунтите а на нив имав многу злато. Пиши им на админите да ги одбанират ТЕ МОЛАМ јас незнам како! Немам од каде да играм, нови пак треба да правам.

Х: Како да ја цркнеш квачката (противникот) што зуи цело време? Пушти ја кај секташи!

Х: Брат, дај позајми 15 злато за два дена ти врачам 20! Плиз, многу ми е итно!

Х: Имаш ли 8 карти да ми дадеш? Богат си ти знам дека имаш ај дај ми!

Х: а зошто има две женски со опови на емкд? Што се замислуваат, богињи? Треба некој да ги спушти од небото на земја.

Х: (истиот погоре) женско раководи со канал? Кај се видело женско да банира и кика?
У: многу уплав имаш од дами очигледно хихих
Х: од таа мојана не можам со окото на лево или на десно да завртам па сега и овде не можам да си кажам што ми дојди на душа поради овие

Х: Изборииии... сакам парииии! Купете ме, мојот глас вреди ко Грујо на власт!

Х: Поскапе потрошувачката кошничка. Ми се јади палачинки па на кого му треба мојот глас нека ми купи брашно, зејтин, шеќер, јајца и кисела вода. Сол имам

Х: (упатено на лицето горе) Е поскапе потрошувачката кошница. Џабе и да ти дадат, кога ќе ги вртиш палачинките се ќе ти паѓаат на земја или ќе ги лепиш на плафон.

Х: Абе секогаш кога ќе вработам ми работат под 50 здравје 😒 има ли лек против оваа болест или јас сум болен?

Х: Идиот сууум! Говедо, кретен, глупчо и се друго можно, како можеше ова баш мене да ме снајде?
Y: што направи брат? Што стана?
Х: не е за кажување, подобро ќе си ќутам дека сум баниран
Y: ОК брат, извини што прашав
Y1: баниран а? Епа ај да честиш
Х: е стварно сум идиот! (quit)

Х: Чичооо, кажи се кој си или ќе те барам и под камен и под се ама ќе те дознам кој си!
Х: Ќути си ти, чичо ќе ти дава наполитанки (наполеонки) секој ден само не ме барај!

Х: Извини што те замарам но морам да те прашам. Каде се гледа колку пари и злато имам?

Х: Брат, ај напиши туторијал за монетарен пазар а јас потоа ќе ти пишам како да се крадат бугари и грци преку него за да го вметнеш во туторијалот. Таа информација ќе те чини само 5 злато. Поздрав

Х: Ај напрај ми аватар! И јас сакам да имам огнена кокошка (phoenix) ко твојана. Закон е!

Х: Што се замислува овој претседателот, препотентен комплексар само кради народот кој нема што да јади!

Х: Сега ќе ни биде ужасно досадно без војна 😒 ај да одиме да ја е**** Лана колку-толку задоволително ќе ни биде

Х: Сите ве сакам бре, ама ако ме изнервирете че ве кљоцнам по дупето!

Х: куде e Fricke?
Y: не е овде, пред пола час се исклучи
Х: jhuizghiughzfuihiuviozxhvgs сад могу да пишем!

Х: Вие зборите за слога? Слога значи да го почитуваш ти моето кажано а јас да ја почитувам твојата одлука да го почитуваш моето

Х: Како да се преселам?
Y: Купи си карта за патување во зависност од релацијата односно далечината каде сакаш да одиш
Х: патничка карта или авионска ми треба за Италија?

Х: Спуштете цената на лебот бре неранимајковци, да јадете мувлосан леб цел живот! ОВА Е КЛЕТВА!

Х: зошто лебот е толку скап? Ми се повраќа од профитери, сега и јас морам да го продавам лебот над 0.9 МКД!

Х: Слаб сум на воен скил и немам финансии, ќе може да ме спонзорираш секој ден со бустер?

Х: Реално гледано, во еМакедонија постојат два типа на луѓе: кози и овци! Може и крави да ставиме малцинство

Х: кој сака доколку нема финансии да му позајмам 0.19 голд за бустер а за возврат да ми даде тенк и 5 леба?

Х: Што е разликата помеѓу хелихоптерите и тенковите? И зошто тенк ставиле за најјако оружје кога хелихоптерот реално гледано може да го пеплоса на тенкот од воздух?

Х: Како можам да набавам од сите фирми материјали за производство? Можам ли да вршам дистрибуција на свои производи на одредени мои клиенти?

Х: Една од најголемите енигми на машкиот род: какво е чувството кога ја употребуваш левата рака а си десничар и обратно, какво е чувството кога ја употребуваш десната рака а си левучар?
Y: лесен одговор... ги користиш и двете истовремено

Х: Турците пропаднаа 😒 греотички којзнае сега како се чувствуваат под грчко ропство ПОМОГНЕТЕ ИММММ!!!! НЕ ГИ ОСТАВАЈТЕ САМИ!

Х: Бугарија објави војна на Иран за да оди до Индија? Ако, нека маваат па кога ќе ја окупираме ќе стигнеме до Индија и таман Македонија до Индија!

Х: Што се нема да видиш тука во еМК па и во соседството, од болни комплексари, тешки нарко-игра зависници па се до неизлечиви психопати. Психопатска работа, треба да реагираат админиве само нормални луѓе на играат но и тие кутрите се за во нервно одделение

Х: Како да кликнам реферал и што е тоа?

Х: Зошто не стават дијаманти како ресурс и тоа само во еМК? Дури само тогаш сите земји ќе не сакаат и ќе потпишат со нас МПП ама ние ќе ги е****

Х: Имам прашање. Како се станува конгресмен и колкава е платата?

Х: Стварно не се фер Србиве, го платија Фиб за да дојде во Словенија и да ми го земе БХ медалот

Х: Ова е мојата последна статија, понатаму ќе пишувам преку мојот другар Столе

Х: Оваа статија ја пишувам кратка бидејки мојата последна статија ќе биде многу долга околу 4 страници.

Х: Ќе ме удри гром од ведро небо осеќам. Ќе паднам на Онтологија 😒

Х: Не ми се занесуј многу да не ти дојдам таму
Y: каде ќе дојдеш бе тапчо, не си излегол од дома
Х: за разлика од тебе јас имам живот
Y: незнам што е тоа живот јас J
Х: нормално дека нема да знаеш, јас ли да те учам на животни вредности
Y: просветли ме те молам
Х: не ми се занесуј да не кажам на тие со “П”оповите да те кикнат
Y: не ми треба поп, атеист сум
Х: Господ гледа но не секогаш простува! Атеистите горат во лонец кај Луцифер!
Y: е попе бе, жал ми е што ќе фатиш пајажина меѓу нозе a за таков грев се оди кај Луцифер!

Х: Продавам фирма за жито за само 20.99 злато. Ако купувате житара, купете ефтина од мене!

Х: Министре сакам да ве прашам нешто. Зошто не сакате македонци да одат на печалба во туѓина? Разбирам за во РЛ но ова е виртуелен свет не постојат граници и визи па мислам дека треба да ги бодрите со претседателот да одат да заработуваат во странство па да инвестираат во Македонија. Моето прашање е како да добијам македонско државјанство?

Х: Македонија без конгрес = телевизор без далечински управувач

Х: Јас плаќам данок а вие? За 0.01 злато секогаш си вадите пари на монетарниот како да не знам јас и моите сопартијци. Секогаш сте на последните страници. Не сме слепи. ДОЛУ ВЛАДА!
Y: (се однесува на лицето погоре) Па како нема да знаеш кога и ти постојано одиш на крајните страници да ја бараш твојата понуда. Бркни-искари магарец на Зоро качен.

Х: гласајте за … во Источна Македонија, направете го вистинскиот избор. Кој не гласал дојдете на каналот .... на дополнителни разговори
Y: и што кога ќе дојдам? Ќе ми постелите црвен тепих и ќе ме почастите Шардоне? Или ќе ме масирате? Жалам, само жена ми може да ме масира таму

Х: Избори во еМК! БЕГАЈТЕ И СПАСЕТЕ СЕ ДОДЕКА МОЖЕТЕ!

Х: Ама че ги пукам сите кои ми пишат пораки за да гласам! Не гласам! И со багер да ме кренит не гласам! Не гласам! Само купување гласови, не можит чесно? Читери, затоа НЕ ГЛАСАМ!

Х: Кој сака да ме вработи? Имам 14 здравје но ќе се излечам брзо со двата реферали!
Y: (одговор на истото лице на коментар): Ако работам на високо здравје тогаш не чувствувам никаков придонес од платата. Затоа прво се борам па потоа работам за да ја искористам платата до максимум.

Х: Зошто го лажеш народот дека ќе го изгубат медалот hard worker ако испуштат еден ден да работат? Јас испуштив три дена и пак го имам медалот. Бриши статијата!

Х: Во статијата за медалите вашиот помошник има напишано дека претседателскиот медал е тежок за земање. Тоа не е точно, јас ќе се кандидирам за наредни избори и ќе го земам. Напишете дека секој може да го освои но потребно е само волја за игра слично како што напишавте и за некои други медали. Поздрав (ех да знаете кој ми го пиша ова 😃 )

Х: Како да го користам четот и како да ги банирам главните кои ќе ја злоупотребат својата положба?

Х: Неверојатно! Продавам фирма за Q1 оружје со 4 вработени (нула пари, нула железо, нула производи) екстремно профитабилна за само 18 gold. Купете, таква понуда не се добива секој ден.

Х: Мора да ти кажам дека ме врна у детството и ме потсети на цајкано Трале шо беше пожарникар у нашто маало. Знаеше како да не натера да не фрламе петарди и да не крадеме калинки од кај комшиите.

Х: Кашлам, ќивам, мрсоли ми течеТ

Х: Кажете НЕ за плата на државните функционери - проект на владата на еМакедонија!

Х: тегла мед да ти пуштам, секое сабајле сркај по едно лајче, ем здрав прав ќе бидиш, ем .!. 45цм ќе ти биди..

Х: Прво сакам да кажам дека македонија е на раб до уништување.Гледам лебот пред некој ден лебот падна дури на 0.30 денари,зашто неможевте да организирате некој хумонитарни кации па да разделивте некој лебцина,туку вие само кукавте и плацевте. (се надевам успеавте да разберете 😃)

Х: И провоцирајте се повеке со грците за да се нервираат и да пцујат послем админите ке ги банираат и ке опаднат профилите на германците и така повеке ке моземе да ги тепаме кога ке бидеме со војна со нив и ке ги утепаме.

Х: Знам дека сите ме мразите и не ми ги сакате статиите што ги правам но самиот морал што го имам ме тера да се изразувам со потешки зборови кој уште ги немам научено но сепак по тие ме тера да се исказам со мојте зборови на цела македонија!

Х: И слушам денес било ден на вљубените и јас кога го слушнав тоа ми падна многу зал и се почуствував многу виновен дека сеуште немам девојка која можам да и посветам внимание и да имам интимни односи со неа.

Х: Сакам да му дадам голема благодарност до мојот другар Столе кој ми ја пишуваше статијата додека јас си седев на неговата удобна фотеља и му диктирав,со тоа што он го напиша на нај можен најдобар литературен начин.

Х: Парите и голдот ке му ги префрлам на мојот другар столе иако не се друзиме последниве денови заради неговата врска.

Х: Јо братец, едно прашање. Како да ја активирам куќата бе?
Y: a? сама се “активира” бе
Х: даааа?
Y: да да, секој ден
X: епа фала да пуштам оглас сега дека барам некоја чистачка до 21 година 😃
Y: пушти ама и намести шипка на средина од куќата за да ти игра дур одмара од чистење
Х: не, ќе купам water bed
Y: само пази да не го дупниш

Х: Може да ги информирате луѓево да ми дадат 300 gold?
Y: Нема грешка, го сакаш во денари? Пошто неможе да се префрли повеќе од 10 со новите правила
X: Можи, нема проблем

p.s. http://tinyurl.com/6298fw4 vote & shout