Слободата на говор и штети на еМакедонија

Day 1,075, 02:43 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


Последните написи во весниците и обидите да се разединат Македонците, како и целосната неконтрола на медиумскиот простор се директен повод да го напишам овој артикл.
Го почитувам правото на слободно изразување и можноста секој да го каже она што го мисли, но според ситуацијата на терен, мораме да се согласиме со заклучокот дека слободата на говор овде во еМакедонија ни прави повеќе штета отколку корист. Еве за што се работи.
Најголемиот број еМакедонци се играчи - почетници, со помал левел од 17. Тоа значи дека нејаголемиот дел од нив, сеуште не ја ни разбираат играта и во голем дел се информираат од весниците. Во нив, пак, согласно слободата на говор, секој може да напише што сака. Гледам дури и дека играчи со мал левел си дозволуваат да ја коментираат политиката, економијата, плановите на конгресот и сл. Покрај тоа, многу се впуштаат и во коментари на резултатите од изборите, пишуваат туторијали со сомнителна содржина и што уште не.
Поентата ми е дека, секој, ама баш секој, пишува за што ќе стигне.
Од друга страна, слободата на говор, од секогаш била голем проблем за нови држави, како што е нашата. Затоа предлагам, нејзина контрола. Кога пишувам контрола, не мислам забрана за работа на повеќе весници, туку нивна организација и насочување во функција на државата и нејзините интереси.
Со оглед на тоа дека во моментов во државава функционира еднопартиски, полтички систем, а опозициската партија е бугарска и истата треба да биде игнорирана, предлагам формирање на нешто како министерство за информирање или некоја организација, со претседател кој ќе го контролира медиумскиот просотр. Предлагам да се направи една групација од медиумите која ќе биде признаена од државата и преку која информациите ќе се насочуваат во функција на државата. Јасно ќе се знае, што ќе се објавува, на кој начин истото ќе биде објавено и кој ќе биде таргетот на таа информација.
Многу поефективна ќе биде информацијата кога ќе биде пренесена од повеќе медиуми (секако не во иста форма, (креативноста на новинарите ќе ги прави различни) но со иста цел, насока...
Сите весници кои ќе бидат во таа група, со тек на време ќе стекнат углед на медиуми кои објавуваат проверени информации, па останатите кои ќе останат надвор и нема да се придржуваа, нема да бидат сфаќани сериозно.
Дека имаме сериозен проблем со медиумите и невниот голем број говори и последниот артикл објавен во Frodo News кој според популарноста која ја има, е доказ повеќе за горенаведените тези.
Уште еднаш да се вратам, многу од оние кои имаат весник најверојатно не ни знаат дека РЛ ситуацијата не смее да биде тема на артиклите иако проблемот со името, може да тангира со овдешните состојби, а сепак објавуваат такви прилози.
Затоа, апелирам до раководството сериозно да размисли за една ваква идеја, бидејќи истата сметам дека ќе придонесе за што побрз развој на целото емаекдонско општество и побрз прогрес на еМакедонија.

Алекснадар Спасовски