И јас сум Лавчан!

Day 1,191, 03:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Wild O


Иако неам време месецов ни у веце весник да отворам, трошам време на играва и гледам да ги завршам сите обврски што ми стојат на глава.
Правење аватари, банери, делење лебови, состаноци со единица, средување форуми, барање рефунди, организирање акции, одговарање на прашања, помагање на еМакедонци, читање статии, следење надворешни политики, молење кон лавчан за подобро утре, организирање собиранки... (машала, многу излегоа)

Јебеш, да не беше единицава гарантирано немаше да ја играм играва.

И покрај сите тие глупости пак иам време да останам покасно една вечер и да потрошам бар 150хп за турците или за унгарците или штотијазнам за кој веќе.



Мене ме интересира каде е вашата занимација? Каде и како вие се забављате на играва?
На прсти да ги бројам луѓето кои пишуваат интересни статии и не се караат константно пак нема да стигнам до десет души.
За тоа ли сте тука?

Еве вчера е жив пример, ние (ChaosOrder) цело време трубиме дека сме тука за забава пред се, од километар се познава дека не сме организирани како другите или да не речам како повеќето.
Е вчера го видов обратното, вчера се виде кој колку е спремен во нашава ни еДржавичка.
Воопшто не ми се допадна моментот што ние вчера успеавме некако да се собереме 18 души и да маваме за турција, во 02:00 саат сабајле, ја пијан а денес на работа од 08:00 делев карти, лебови, правевме по две акции прво за тие што мораа да легнуваат па после за останатите на Т-1.
Не ми се допадна тоа што ние бевме скоро единствените таму, да не беа Армакедон и МТО немаше ни да има поддршка од еМакедонија.



И што после? Ќе читам статии како едните не ни помогнале, на другите не им стало до нас, на третите им биле поважни други. Па зар стигна државава која постои четири месеци да стане хипокритичка?

безвезе сте целите...

Знаете што не натеравте?
Да се замараме и да станеме озбилна единица!
Сега јас треба да одвојувам повеќе време за да може најнесериозната единица во регионов да го бели образот на целава еДржава.

Сеа одкога ме изнервиравте очекувајте дрскост и борба за најсилна единица (или втора најсилна, овие армакедон се лешпери 😉 ) во еМакедонија

Through Chaos we bring Order!


п.с. НЕ, не примаме нови членови под 1000 сила и под 18 години.

Wild O, over and out