За “бесплатните“ лебчиња!

Day 1,188, 02:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr Pink RD

Поздрав еЛуѓе!

Ете ова е мојот прв обид да напишам статија на оваа игра! Немав никаква намера да отворам весник, но ете, секој ден се повеќе, оваа игра ми влегува под кожа!

Оваа статија ја пишувам со цел да укажам на еден проблем кој мене не ми се допаѓа! Сите ние за доброто на еМакедонските играчи ги отвараме, гласаме и се претплатуваме на стотиците статии кои не само што немаат врска со ништо, туку ете сега уште повеќе, не обврзуваат со некакви лебчиња кој не само што го рушат достоинството на секој обичен играч туку ја рушат и стратегијата на самата игра (да бидеме силни и организирани на еРепублика). Па знаете и вие самите дека, оние кои висат по цел ден на играва и на ирц каналите и молат за едно лебче...тие истите ни работат во фирмите со 20 здравје!!!

Би сакал да ве замолам да престанете со практиката на “делење некакви лебчиња“! јас ќе се претплатувам и гласам и понатака...но повеќе нема на оние кои ме омаловажуваат мене и концептот на играта!

Да не замарам повеќе!!! Уживајте во играта еЛуѓе!!!

срдечно
Игор