Сојузниците на еМакедонија

Day 1,168, 10:32 Published in North Macedonia North Macedonia by boboo6

Здраво еМакедонци !

Бидејќи ова ми е прва статија редно е и да се представам. Започнав да играм еРепублик на 05.05.2009 и сум еден од постарите еМакедонци, но знам дека тоа не ве интересира многу па затоа веднаш ке прејдам на темата на статијава. Во ова време од скоро 2 години во кои 1.5 година немавме еМакедонија заедно со останатите стари еМакедонци шетавме по разни земји. Тоа го правевме од проста причина што немавме каде да одиме а се надевавме дека едне ден кога ке ни ја дадат еМакедонија тие земји ке ни станат сојузници. Но дали тоа е така и денес кога имаме еДржава ке констатираме по “краток” преглед на нештата.

Статијата продолжува веднаш по сликава..

Свечено отворање на новиот македонски еВесник

За ова време од 15 месеци без и 4 месеци со еМакедонија пројдовме многу. Се селевме низ разни држави и баравме сојузниц. Кои од тие сојузници остана и дали воопшто некој остана ? На ова прашање секој има свој одговор па така и ја ке го дадам своето мислење за него. Ке почнам од соседите бидејќи сојузот со соседите е поважен од другите со оглед на тоа дека само од нив можеме да бидеме нападнати. Со оглед на тоа дека еАлбанија ја нема уште на еКартата најверојатно поради недоволен број на играчи.. и поради тоа што се уште не може да се докаже дали еКосово треба да биде еСрбска територија или посебна држава, границите со овие територии се празни. Така да ни остануваат само три соседа и тоа еСрбија, еБугарија и еГрција.

еСрбија:

еСрбија е една од најсилните земји на еРепублик. Тој статус го добија заслужено со долга и макотрпна работа и послушност на нивните еГраѓани. Во македонската еИсторија немаме многу поврзаност со еСрбија. Секогаш беа и се наши ментори во погледн на раководенје и контролирање на работите кои се случуваат на територија за која сме задолжени. Незначителен број од старите еМакедонци беа во нивните паравојски но поголема поврзаност на тој план немавме. Во србија секогаш гледавме верен сојузник а тие го потврдија тоа со ослободуванје на Источна Македонија. Тоа ни беше повеќе од потребно поготово сега кога немавме останато ни една територија. Сојузот со нив продолжува и понатаму а воедно и тие се нашите единствени сојузници и соседи во исто време.

еГрција:

еГрција е просечна земја според силата на еРепублик. Во оваа група просечни земји спаѓаат повеќето еЗемји но за жал не и ние. Нашата еИсторија со еГрција се сведува на тоа како ние често и не многу успешно пробувавме да им наштетиме на нивната економија со “камикази” или пак на нивната политика со тоа што пробувавме да им земеме конгресменски места. Но нормално тогашната наша сила која во бројка изнесуваше ништо повеќе од 200 члена беше мала во споредба на тогашните 2000 еГрци. Од оваа причини а и поради знаењето дека се појаки од нас очекувавме напад веднаш по додавањето на еМакедониај. Но тоа не се случи, па така да нашата поврзаност со еГрција останува многу мала. Немаме директни контакти со нив ни во добро ни во лошо поточно се ингорираме.

еБулгарија:

еБулгарија слично како и еГрција е средно развиена земја на економски, политички план но и по број на жители. Нашата еИсторија со нив е позитивна поточно нешто слично на онаа со еСрбија. Немавме многу контакти но имавме неколку члена во нивната армија. Своевремено кога не ме примија во Македонската Фаланга во еРусија поради тоа што касно сум се пријавил влегов на кратко во еБугарската армија. Тамо бев еден или два месеци и ми оставија добри впечатоци. Тоа траеше кратко од причиниа што набрзо потоа се формира нова македонска воена организација во еТурција па се преселив таму. По додавање на еМакеднија кај одреден број еБугари се јавија претензии кон еМакедонија па поради тоа го напуштија тогашниот сојуз во кој требаше да влезе и еМакедонија. Меѓутоа тие претензии никогаш не стапија на дело. Дел од нивната влада повеќе пати го предлагаше законот, но мнозинството на народните избраници редовно го одбиваше. Тогаш стапивме ние на сцена. Влеговме во војна со еБугарија од погрешни причини но се надевам дека војната брзо ке се заврши и ке излеземе како добри сојузници. Реално гледано послаби сме од нив и во моментов не може рамноправно да им војуваме така да што побрго завши војната подобро ке биде за еМакедонија.

Тоа беа нашите еСоседи, да прејдеме сега на оние кои ги сметавме за наши сојузници поради подршката која им ја дадовме за времето кога немаше еМакедонија.

еИндонезија:

еИндонезија е земја за кое во последно време немам никакви информации. Кога почнав да играм таа беше земја со една од најјаките економии на еРепублик. Тогашните еМкаедонци тамо се преселивме највеќе ради профит но во брзо време стекнавме блиски пријателства со тамошните еГраѓани па им помагавме на политички и воен план. Како што веќе реков за оваа еДржава немам чуено ништо од како е додадена еМакедонија така да нашата помош кај нив не оставила голем впечаток најверојатно.

еРусија:

еРусија на времето беше една од најјаките еДржави, но нивната јачина со тек на времето се намалуваше, дали поради нивната незаинтересираност или поради тоа што се развиваат поспоро од другите незнам. Во времето кога бевме само мал број на играчи од Македонија се оформи првата македонска воена организација Македонската Фаланга. Тамо членуваа најголем број од тогашните бездомни еМакедонци. Покрај членство во армијата нашите добија и своја партија и свои конгресмени во еРусија со цел да им помогнеме колко можеме. Но што се случи откако добивме еМакедонија ? Нив ги снема се до пред некој ден. Тој ден беше ден кога иамвме битка со еБугарија и еРусите предводени од нивниот еПредседател почнаа да удираат против еМакедонија. Тоа стварно ме изненади со оглед на тоа дека еРусија важеше за еден од нашите најдобри и најсигурни сојузници, но се испостави дека сум грешел како и сите останати еМакедонци кои помагавме на еРусија. Во моментов насите контакти со еРусија постојат но со оглед на тоа што се заедно со нашиот официјален непријател не се остава простор за Сојуз и договори со нивната еВлада.

еТурција:

еТурција е земја по јачина слична на еБугарија и еГрција меѓутоа тоа не и е доволно со оглед дека граничи со многу непријателски еЗемји. еТурција е земја каде што ние поминавме највеќе време како бездомници. Им помагавме во честите војни со еГрција, им помагавме кога дури и самите еТурци се откажаа па моравме ние да гласаме на изборите за да не добијат ПТО но очигледно тоа не им беше доволно. Дојде времето да се гради еМакедонија и тогаш на сцена стапија Лазократите. Представени од поединци како еМакедонски спасители ја искористија ефтината работна рака во еМакедонија и како ретки q5 производители се наполнија со голд ! Во меѓувреме тие си војуваат како и вообичаено со еГрција, не се случува новост во овие еБалкански односи. еБугарија и објавува војна на еТурција. Таа немоќна да се бори со два противника бара помош од нас. Ние знаеме дека во овој круг од четири еДржави сме најслаби но сепак објавуваме војна на еБугарија за да им помогнеме на еТурците. Но што се случува потоа ?? Значи ние се бориме за еТурција и пред да има еМакедонија и сега а не добиваме од еТурција ни 100 голд, и доаѓа време кога треба тие да се борат за нас. Што прават тогаш еТирците ? Не ја праќаат својата армија туку своите тенкови ко исе борат само за голд ! еТурските тенкови јачаат за повеќе од 10 000 еМакедонски голд а еТурската армија ја нема никаде. Но добро тоа мина им текна да бојкотираат. А зошто ? Затоа што имало читови. Па цела Турска мрежа беше блокирана поради нивните читови а сега се бунат за скрипти ? Според мене ова е чисто предавство и ако некој мисли дека еТурците нешто некогаш ни помогнале многу се лаже. еТурците само не искористија ! Во моментот се у алијанса у која ние не сме добредојдени што најверојатно значи крај за нашето сојузништво.

На крај излегува дека освен србија немаме друг прав зојузник на кој можеме да му веруваме.

Сево горенаведено е мое лично видување на работиве околоу сојузниците на еМакедонија. Доколку некој има различно мислење, секој има можност да отвори весник и да го каже. Ова го пишувам како причина поради која нема да се расправам во коментарите а знам дека сигурно ке има некој кој нема да се согласува со мене од едни или од други причини.