За Македонцките работи........(или на маката се познава јунакот).

Day 1,161, 10:39 Published in North Macedonia Bulgaria by Mitko Makedonecot

Како прво би сакал да ве поздравам сите играчи на еРепублика , а најмногу моите македончиња (со мало м).Се вклучив во играва пред неколку денови, по помпезните најави на неколку интернет страници дека еМакедонија е светска воено-политичка сила, во рамките на еРепублика( eRepublik, ај да не ми замери некој дека не го пишам оригиналното име на играта).Бев искрено заинтригиран да видам што се случува, креирав акаунт и почнав полека да растам (секојдневно да работам и да тренирам), со надеж дека ќе достигнам до ниво на кое ќе можам да дадам реален придонес во растот и развојот на еМакедонија.
Се беше супер, на чат сите се смеевме, удираа Турците и Србите , удираа и нaшите јунаци.
Се беше фантастично, како во најубавиот сон.

А тогаш се се смени за 1 секунда.
Турците решија да бојкотираат, а НИЕ ?????
Па ние сега сите кукаме за Турците (додека се бореа со нас се пишуваше HAIL TURKEY), а денес е крива е власта што ги трошела парите за странски платеници да маваат за нас.Ова е се нормално, бебешки болести на нова држава.Кај нас Македонците е еден апсурд, кога си весел сите се смеат со тебе и се покрај тебе, кога ќе имаш проблем сите бегаат од тебе .....

Се фалевте со Бејби Бум во Македонија, јас сум едно од тие бебиња и сакам да пораснам во нашата држава еМакедонија , меѓутоа ме боли што читам по чатови, се бара карта повеќе да се побегне во еСрбија..... Ако сме (сите ние играчи во е Македонија, независно од возраста и афинитетите во реалниот живот) вистински Македонци треба да останеме на нашата родна грутка, и да работиме на тоа да се ослаби економијата на ОКУПАТОРОТ (денес е Бугарија, утре којзнае кој)

Зато уште еднаш апел до сите, немојте помеѓу себе да се обвинувате,или да добивате политички поени користејќи ја ситуацијата во која се наоѓа нашата еДржава.
Сложно сите заедно за подобро утре на еМакедонија.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА-земјата во која сум роден и во која живеам.