Играва е стратегија, алоо !!!

Day 1,274, 02:21 Published in North Macedonia North Macedonia by VODACOT

Гледам се расправаме за војнава, што е лошо !!!
Играва е стратегија и треба да се гледа големата слика, а не малите делчиња. Најдобар начин да ги заштитиме нашите територии на Апенините е Апулиа. Ако понатаму Грција се бори за Италија на Апенините, ќе биде слаба на нашите оргинални територии, па можеби ќе го ослободиме Солун. Според мене Апулиа е одлично решение.

Што се однесува до Грција, сигурен сум дека не сме сами бидејќи Турција речиси и да не се бори во Украина, па сигурно барем по 300 здравје ќе трошат на нашите битки. Добро ќе беше бугарите вчера да ја изгубеа Софија и да не се мешаа во нашите битки, но и вака се многу зафатени со Србија.

Во основа ова е битка помеѓу Македонија и Турција на една страна и Грција и Италија на друга. Мислам дека сме посилни, но ќе видиме многу скоро.

За крај , не се расправајте, важно е да сме сложни. Само така ќе победиме.

Молам за претплата, ќе треба злато за битките со Грција.