Подготовки за војна!!!

Day 1,273, 11:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian Power

Најпосле дојде долго очекуваната војна со нашиот најголем непријател Грција. Ќе биде тешка војна во која реално сме послаби,ама Македонецот никогаш не се предава,па нема ни сега.

Што може да очекуваме од оваа војна? Бугарите сигурно ќе маваат силно против нас,како и Хрватите на чело со Ромпер и неговите картички.Грците се исто големи националисти и нема да штедат средства за да не освојат тоа е сигурно.Италија ќе сака да ја искористи оваа ситуација и ќе не замара со востанија,меѓутоа тие не претставуваат некоја опасност дури и да ослободат некоја територија.

Што можеме ние да направиме?Да ја ставиме во погон машинеријата 'Црвена армија' и организирано да браниме со сите сили.Предлагам да се донира по некој тенк(кој колку може) на нашите најсилни играчи,со што многу повеќе ќе се помогне отколку сам да ги измава некој слаб играч.Мора да има организираност во единиците на АРМ со паравојските,да се мава редоследно и да се знае однапред која единица во која битка да мава,особено важно е да се земат битките во раните утрински часови каде ќе потрошиме помалку средства за победа.

Мора да има координираност со нашите сојузници,особено со Србија,Турција и Индонезија.Од Шпанија и Полска не очекувам многу(дај боже да грешам),јбг тоа е тоа.

Мој предлог за малку дипломатија е да ги земеме регионите Deutschschweis од Словенија и Vorarlberg од Словачка,со што ќе добиеме два нови ресурса железо и срна,со што дополнително ќе се појачуваме.

Една порака до Министерство за образование: направете update на туторијалите за почетници бидејќи после новите промени малку се разликува дизајнот на играта!

За крај ставете по еден sub и vote,а кој сака и shout

Поздрав